Откровение 9 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1 .

128,13Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.

138,3; 2 Мојс 30,1-3И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,

1416,12кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги че­тирите ангела, врзани кај големата река Еуфрат!“

15И беа одврзани четирите ангела, што беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.

16Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број.

17И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа огнени и синкасти и сулфурни оклопи. Главите на коњите беа како глави од лавови, а од нивната уста излегуваше оган, чад и сулфур.

18А од тие три напасти – огнот, чадот и сулфурот, што излегуваа од нивните усти, умре една третина од луѓето,

19бидејќи силата на коњите е во нивната уста и во нивните опашки; зашто нивните опашки наликуваа на змии, имаа глави и со нив пустошеа.

2016,9.11

5 Мојс 32,17; Ис 17,8; Пс 113,12-16; 135,15-17; Дан 5,4.23; 1 Кор 10,19-20А останатите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на своите ра­це – та да не се поклонуваат на демони и на идоли златни и сребрени, и бронзени, и камени и дрвени, кои не мо­жат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат;

21и не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражби, ниту за својот блуд, ниту за своите кражби.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help