1 Тимотеј 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Сѐ што е создадено од Бог е добро

1 Мт 24,23-24; Дела 20,29-30; 2 Тим 3,1; 2 Птр 2,1; 3,3; 1 Јн 2,18; Јуда 1,18 А Духот јасно зборува дека во по­следните времиња некои ќе отстапат од верата, и ќе слушаат измамнички духови и демонски учења,

2преку лицемерството на лажливците чија совест е прегорена;

32,4; 1 Мојс 9,3; Рим 14,6; 1 Кор 10,30.31; Кол 2,16-23кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од ја­дења што Бог ги создал за да се употребуваат со благодарност од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.

41 Мојс 1,31; Рим 14,14; 1 Кор 10,25-30Зашто, секое Божјо создание е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,

5бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.

Добриот служител на Исус Христос

6 2 Тим 2,15 Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го следел досега.

71,4; 6,20; 2 Тим 2,16; Тит 1,14Отфрлај ги нечистите и бапски приказни, а вежбај се во благочестие;

86,6зашто телесното вежбање донесува мала полза, а благочестието е полезно за сѐ, бидејќи во себе има ветување и за се­гаш­ниот и за идниот живот.

91,15; 3,1; 2 Тим 2,11; Тит 3,8Верно е ова слово, и достојно да биде целосно прифатено.

101,1; 2,3-4Затоа се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.

Препораки за верните

11Ова заповедај го и поучувај го!

122 Сол 3,7; Тит 2,7-8; 2,15Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните биди им пример во слово, во поведение, во љу­бов, во дух, во вера и во чистота!

13Додека дојдам, посвети се на чи­тање, утешување и поучување!

141,18; Дела 6,6; 8,17; 2 Тим 1,6Не занемарувај го дарот што е во тебе, и кој ти беше даден преку пророштво, со ракополагање од презвитерите.

15Кон ова насочи се, биди во тоа, та твојот успех да им стане јасен на си­те!

16Внимавај на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто тоа правејќи го, ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help