Евреите 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1 9,14; Дела 20,21; 1 Кор 3,10-12; Ефес 2,1.5 Затоа, да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,

2учењето за крштевањето, ракопола­га­њето, воскресението на мртвите и вечниот суд.

3И тоа ќе го направиме, ако допушти Бог.

410,26-27.32; Јн 4,10; Ефес 2,8; Гал 3,2Зашто неможно е – оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа соучесници на Светиот Дух

54,12; 1 Птр 2,3и, откако вкусија од убавиот Божји збор и од силите на идниот век,

610,29; 2 Птр 2,21; 1 Јн 5,16 потоа отпаднаа – да бидат повторно обновени за покајание, зашто повторно во себеси Го распнуваат и Го посрамуваат Синот Божји.

71 Мојс 1,11-12; 5 Мојс 11,11Зашто земјата која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;

81 Мојс 3,17-18; Ис 5,6; 27,4; Мт 7,16а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството, нејзиниот крај е да изгори.

9Но од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако вака ви зборуваме.

1010,32-34; Мт 10,40-42; 1 Сол 1,3; Откр 2,19Зашто Бог не е несправедлив, та да го заборави вашето дело и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, преку вашето некогашно и сегашно служење на светиите.

113,6; 10,23А ние сакаме секој од вас до крај да ја пока­жува истата усрдност за потполна увереност во надежта,

125,11; 6,16; 10,36; 11,7.9; 1 Кор 11,1; Откр 13,10та да не станете мрзливи, туку да ги подражавате оние кои преку вера и трпение ги наследуваат ветувањата.

Божјото сигурно ветување

13 1 Мојс 22,16.17 Рим 4,20 Кога Бог му даде ветување на Авраам, бидејќи немаше никој поголем во кого би се заколнал, се заколна во Себе,

14велејќи: „Навистина ќе те благословам и преблагославам, ќе те умножам и преумножам.“

1511,9.13.33.39; 1 Мојс 21,5И така, со долготрпение тој го доби ветеното.

162 Мојс 22,11Луѓето, пак, се колнат во поголемо од нив, и заклетвата, како потврда, ѝ става крај на секоја нивна препирка.

179,15; 10,36; Рим 4,16Затоа и Бог, сакајќи на наследниците на ветувањето јасно да им ја по­ка­же неизменливоста на Својата одлука, посведо­чи со заклетва,

183,6; 10,23; 4 Мојс 23,19; Кол 1,5та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме крепка утеха и ние, кои прибегнуваме да ја дофатиме надежта која е пред нас,

1910,19-20; 3 Мојс 16,2.12; Мт 27,51а која за нашата душа е цврста и си­гурна котва, и која влегува дури зад заве­сата,

204,14; Пс 109,4каде што како претходник за нас влезе Исус, станувајќи довека Првосвеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help