1 8,4.20 Во врска со помагањето на светиите, сметам дека е излишно да ви пишувам,
2зашто ја познавам вашата спремност, за која се фалам со вас пред Македонците: дека Ахаја приготвила помош уште од лани и дека вашата ревност поттикна мнозина.
38,24А браќата ги испратив за да не биде напразна нашата пофалба за вас, туку, како што велев, да бидете приготвени,
4па, ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени, да не останеме посрамени ние – да не речам вие, откако ве пофаливме со толкава увереност.
5Затоа, сметав дека е потребно да ги замолам браќата претходно да дојдат кај вас, за да го приготват вашиот претходно ветен дар, па да биде приготвен како дар, а не како изнуда.
6Изреки 11,24.25; 19,17Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.
7Изреки 22,8Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што дава од срце.
8А Бог може изобилно да излее секаква благодат врз вас, та имајќи секогаш, и во сѐ, секакво изобилство, да преуспевате во секое добро дело.
9Пс 111,9Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; Неговата правда останува довека.“
10Ис 55,10; Ос 10,12А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и вашето семе, и ќе направи да изобилуваат плодовите на вашата правда,
111,11; 4,15па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.
121,11; 1 Кор 16,1Бидејќи извршувањето на тоа служење не само што ги надополнува потребите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога;
13Дела 2,42и тие, користејќи ги плодовите од тоа служење, Го прославуваат Бога за вашето покорно исповедање на Христовото благовестие и за дарежливоста на вашата заедница со нив и со сите други.
14А тие, со молитви за вас, копнеат по вас поради преизобилната Божја благодат пројавена на вас.
158,9 Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.