Лука 24 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исусовото воскресение(Мт 28,1-10; Мк 16,1-8; Јн 20,1-10)

1 .

14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.

15Мт 18,20И додека разговараа и се расправаа меѓу себе, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;

16Јн 20,14; 21,4но на нивните очи не им беше дадено да Го познаат.

17А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што одејќи, си ги разменувате меѓу себе, и зошто сте нажалени?“

18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Зар само Ти си туѓинец во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие денови?“

19Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И ги праша: „Што?“ А тие Му одгово­рија: „За Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред целиот народ;

20како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;

211,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека Тој е Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе третиот ден, откако се случи ова.

22Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,

2324,9и не го нашле Неговото тело; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­гели, кои им кажале дека Тој е жив.

24Јн 20,3-8Па и некои од нашите отидоа на гробот и најдоа сѐ така како што ре­коа жените; но Него не Го виделе.“

25Тогаш им рече: „О, безумни и по срце­ спори да поверувате во сето она што го рекле пророците!

26Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли Христос да пострада така и да влезе во Својата слава?“

2716,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма.

28Мк 6,48А кога се приближија до селото во кое одеа, Тој се направи како да сака да продолжи.

29Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Оста­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе за да остане со нив.

3022,19; 1 Кор 11,24А кога седна со нив на трпеза, го зе­де лебот, го благослови, го прекрши и им подаде.

31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.

32Пс 38,3И си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа во нас нашите срца, кога ни зборуваше по патот и кога ни ги објаснуваше Писма­та?“

33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани едина­есеттемина и оние кои беа со нив,

341 Кор 15,4-5кои говореа: Господ на­вис­тина воскресна и му се јави на Симон.

351 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие раскажаа за она што им се беше случило по патот и како Го познаа кога го пре­кршуваше лебот.

Појавување пред учениците(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)

36 Тов 12,17; 1 Кор 15,5 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана меѓу нив и им ре­че: „Мир вам!“

37Мт 14,26А тие, растреперени и преплашени, помислија дека гледаат дух.

38Но Тој им рече: „Зошто сте вознемирени и зошто такви мисли влегуваат во вашите срца?

391 Јн 1,1Видете ги Моите раце и нозе: Јас сум Истиот; допрете Ме и видете; зашто духот нема месо и коски, а, како што гледате, Јас имам.“

40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.

41Јн 21,5Но додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“

42Јн 21,9-10Тие Му дадоа парче печена риба и мед во саќе.

43Дела 10,41И кога зеде, јадеше пред нив.

4418,31; 24,27; 1 Мојс 3,15; 49,10-11; Ис 7,14; 9,5-6; 53,1-12; Мих 5,1.3; Зах 9,9; 12,10–13,1; 13,7; Мал 3,1; Пс 2; Дан 7,13-14; 9,24; Мт 16,21; Јн 5,39.46; Дела 26,22Па им рече: „Ова се зборовите што ви ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е на­пишано за Мене во Мојсеевиот Закон, кај Пророците и во Псалмите.“

45Јн 20,9; Дела 4,10-11Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,

46Ис 53; Ос 6,2; 1 Кор 15,3-4и им рече: „Така е напишано и така требаше Христос да пострада и да вос­кресне од мртвите на третиот ден,

47Дела 1,4-8; 2,38; 10,43; 13,38-39; 1 Тим 3,16и да биде проповедано во Негово име покајание и простување на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;

48Јн 15,27; Дела 1,8а вие сте сведоци за ова.

491,35; 4,14; Јн 14,16; 15,26; Дела 1,4.8; 2,33И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим додека не се обле­чете во сила одозгора.“

Христовото вознесение(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)

50 3 Мојс 9,22; Сир 50,20 И ги изведе надвор до Витанија, па, подигнувајќи ги рацете, ги благослови.

51И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото;

529,51; Јн 14,28; 16,22; Дела 1,12тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.

53Јн 2,20; Дела 2,46И беа постојано во храмот, прославувајќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help