1 Дела 10,42; 1 Тим 6,14; 1 Птр 4,5 И така, те заколнувам пред Бога и пред Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство:
2Дела 20,20.31; 1 Тим 4,1проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со секаква долготрпеливост и поука.
31 Тим 1,10Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го поднесуваат здравото учење, туку, водени од своите похоти, ќе си изберат учители кои им ги скокоткаат ушите;
41 Тим 1,4тие ќе го одвратат својот слух од вистината и ќе се свртат кон приказни.
5Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, својата служба исполнувај ја!
Настапува времето за заминување6 Фил 2,17 Зашто јас веќе се изливам како жртва, и настапи времето за моето заминување.
71 Тим 1,18; 6,12Добра војна војував, патот го завршив, верата ја запазив.
81 Кор 9,25; Фил 3,14; 1 Тим 6,14; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои го возљубија Неговото доаѓање.
Последни пораки9 1,4 Потруди се наскоро да дојдеш кај мене!
102 Кор 8,23; Гал 2,3; Кол 4,14; Тит 1,4; Фил 1,24Зашто Димас ме остави, бидејќи го возљуби сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент отиде во Галатија, а Тит во Далмација.
11Дела 12,12.25; 13,13; 15,37-39; Кол 4,10.14; Фил 1,24Само Лука е со мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е полезен во службата!
12Дела 20,4; Кол 4,7-8; Ефес 6,21-22А Тихик го пратив во Ефес.
13Дела 20,6Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп, и книгите, а особено пергаментите.
142 Цар 3,39; Пс 27,4; 61,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 1 Тим 1,20Ковачот Александар ми направи големо зло. Господ да му врати според неговите дела!
15Од него пази се и ти, бидејќи тој многу им се противеше на нашите зборови!
161,15При мојата прва одбрана немаше никој со мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17Дан 6,21; Мт 10,19; Фил 1,19; Кол 4,3Но Господ беше со мене и ме укрепи, за преку мене целосно да се исполни проповедта, и да ја чујат сите народи; и јас се избавив од устата на лавот.
18Рим 16,24Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во вечни векови. Амин!
Завршни поздрави19 Дела 18,2 Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.
20Дела 19,22; 20,4Ераст остана во Коринт, а Трофим го оставив болен во Милит.
21Потруди се да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клавдија и сите браќа.
22Господ Исус Христос нека е со твојот дух! Благодатта нека е со сите вас! Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.