Јован 13 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Последната вечера. Исус им ги мие нозете на учениците

1 2,4; 15,9.13; 16,28; Мк 14,41; Рим 5,8; 8,35; Ефес 3,19 А пред празникот Пасха, Исус знаеше дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот и, бидејќи ги возљуби Своите во светот, до крај ги возљуби.

213,27; Мт 26,20; Мк 14,10.17-18; Лк 22,3.14А за време на вечерата, ѓаволот веќе беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Искариотски да Го предаде.

31,1; 3,35; 16,27-28; Мт 11,27Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа,

4стана од вечерата, ја соблече Својата горна облека, зеде крпа и се препаша;

512,3; Лк 7,44; 22,27потоа истури вода во леѓен и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со којашто беше препашан.

6Тогаш дојде кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, зар Ти нозете да ми ги миеш?“

714,26Исус му одговори и рече: „Јас што правам, ти сега не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“

8Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги миеш нозете!“ Исус му одгово­ри: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене!“

9Симон Петар Му рече: „Господи, то­гаш не само моите нозе, туку и рацете и главата!“

1015,3; 1 Јн 1,7Исус рече: „Измиениот не треба ништо да мие, освен нозете, заш­то целиот е чист, а вие сте чисти, но не сите.“

116,64.70-71Бидејќи знаеше кој ќе Го пре­да­де, па затоа и рече: „Не сте сите чисти.“

12А кога им ги изми нозете и ја зеде Својата горна облека, повторно седна, па им рече: „Знаете ли што ви направив?

13Мт 21,3; 23,8.10Вие Ме нарекувате Учител и Гос­под; и право велите, бидејќи тоа сум.

14Мт 20,28; Лк 22,27; 1 Тим 5,10; 1 Птр 5,5; 1 Јн 3,16Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте дол­жни еден на друг да си ги миете нозете.

15Рим 15,1-7; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 3,13; 1 Птр 2,21; 1 Јн 2,6Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас.

1615,20; Мт 10,24; Лк 6,40Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној што го пра­тил.

17Мт 7,24-27; Лк 11,28; Рим 2,13; Јк 1,22.25Кога го знаете ова, блажени сте ако го извршувате.

186,70; 15,16; Пс 40,10; Ефес 1,4; 2 Сол 2,13Не зборувам за сите вас, заш­то Јас ги знам оние што ги избрав; но нека се исполни Писмото: ’Оној што со Мене го јаде лебот, тој ја подигна својата пета против Мене.‘

1914,29; 16,4Ви кажувам отсега, пред да се случи тоа, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате дека Јас сум.

20Мт 10,40; Лк 9,48; 10,16; Гал 4,14Вистина, вистина ви велам: тој што го прима оној што ќе го пратам, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.“

Исус говори за Својот предавник(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21; Лк 22,21-23)

21 11,33; 12,27 Штом го рече ова, Исус се вознемири во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам дека еден од вас ќе Ме предаде.“

22Тогаш учениците почнаа да се пог­леднуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува.

2319,26; 20,2; 21,7.20; Лк 8,51А еден од учениците, кого Исус го љубеше, се беше навалил на Исусовите гради.

24Нему Симон Петар му даде знак да праша кој е тој за кого гово­ри.

25Тој, пак, се навали на Исусовите гради и Му рече: „Господи, кој е?“

266,71Исус одговори: „Тоа е оној кому Јас ќе му натопам залак и ќе му го пода­дам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариотски.

2713,2; Лк 22,3И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Тоа што го пра­виш, направи го побргу!“

28А никој од оние што седеа на трпе­зата не разбраа зошто му го рече тоа.

2912,6Но бидејќи Јуда го чуваше ковче­жето, некои помислија дека Исус му ре­че: „Купи го она што ни е потребно за празникот!“ или да даде нешто на сиромасите.

303,2; 9,4; 8,12; 12,35; Лк 22,53А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.

Нова заповед

31 12,23; 17,5; Мт 8,20 Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прос­лави во Него.

321,14; 7,39Ако Бог се прослави во Него, и Не­го Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави.

337,33-34; 8,21Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Ју­деј­ци­те, така и вам сега ви велам дека каде што одам Јас вие не мо­же­те да дојдете.

3415,12.17; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 28,9; Мт 19,17.19; Лк 10,26-27; 1 Кор 13,1; 1 Сол 4,9Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.

35Дела 4,32; 1 Кор 9,21; Гал 6,2; 1 Јн 3,14По тоа сите ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу се­бе.“

367,35; 14,5; 16,5; 2 Птр 1,14Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што одам Јас, ти сега не можеш да Ме следиш, но подоцна ќе Ме следиш.“

37Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да Те следам сега? Својот живот ќе го положам за Тебе!“

38Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека трипати не се одречеш од Мене!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help