Ефесјаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Дејноста на Павле меѓу нејудејците

1 4,1; Фил 1,7.13; Кол 4,18 Затоа јас, Павле, сум затвореник на Христос Исус заради вас, незнабошците.

2Кол 1,25-26Бидејќи чувте за распределбата на Божјата благодат, која ми е дадена заради вас,

31,9-10односно дека преку откровение ми е соопштена тајната, како што претходно накратко ви напишав.

4Рим 9–11

Кол 1,26Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос,

52,20; Јн 14,26која, на луѓето од претходните поколенија не им беше објавена, како што сега им се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Духот,

62,11.13.18-19односно дека незнабошците се сонас­ледници, делови на едно тело, и соучес­ници на Неговото ветување во Христос преку благовестието,

7Кол 1,23-25на кое му станав служител според дарот на Божјата благодат, која ми е дадена по дејство на Неговата сила.

81 Кор 15,9-10; Гал 1,16; 1 Тим 1,15Мене, најмалиот од сите светии, ми се даде благодатта да им го благовестам на незнабошците неистражливото Христово богатство,

9Кол 1,26и на сите да им расветлам во што се состои распределбата на тајната, криена од вечноста во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

101 Кор 2,7-9; 1 Птр 1,12та разнообразната Божја мудрост сега, преку Црквата, да им се објави на небесните на­чалства и власти,

111,4.11според предвечната замисла, која Тој ја изврши во Христос Исус, нашиот Гос­под,

122,18; Евр 4,16во Кого имаме слобода и пристап, уверени преку верата во Него.

13Кол 1,24Поради тоа, ве замолувам, да не паѓате со духот пред моите маки што ги поднесувам заради вас, зашто тие се за ваша слава.

Христовата љубов

14 1,17-18 Затоа ги преклонувам своите колена пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15од Кого се именува секој род на небесата и на земјата,

16Рим 7,22да ви даде, според богатството на Својата слава, сила за да се утврдите пре­ку Неговиот Дух во внатрешниот чо­век,

17Мудр 1,4; Јн 14,23; Рим 8,11; Кол 1,23; 2,7и преку верата Христос да се всели во вашите срца,

18Кол 2,2та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате, заедно со сите светии, што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина,

191 Кор 13; Гал 4,9и да ја осознаете Христовата љубов, која го надминува секое знаење, за да се исполните со сета Божја полнота.

20Јуда 1,24-25А на Оној што според силата што дејствува во нас, може да изврши неспоредливо повеќе од сѐ што ќе побараме или помислиме,

21Рим 16,24Нему нека Му е слава во Црквата и во Христос Исус во сите поколенија и за вечни векови. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help