1 Ер 49,36; Ез 7,2; 37,9; Зах 6,5; Дан 7,2; Мт 24,31 Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.
2Ез 9,4И видов друг ангел како се подига од сончевиот исток држејќи го печатот на живиот Бог. И тој извика со силен глас кон четирите ангела, на кои им беше дадено да им пакостат на земјата и морето, велејќи:
39,4; 22,4„Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“
43,12И го чув бројот на обележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа обележани од сите племиња на Израилевите синови.
55,5Од Јудиното племе обележани со печат – дванаесет илјади; од Рувимовото племе – дванаесет илјади; од Гадовото племе – дванаесет илјади;
6од Асировото племе – дванаесет илјади; од Нефталимовото племе – дванаесет илјади; од Манасиевото племе – дванаесет илјади;
7од Симеоновото племе – дванаесет илјади, од Левиевото племе – дванаесет илјади; од Исахаровото племе – дванаесет илјади;
8Рим 1,1од Завулоновото племе – дванаесет илјади; од Јосифовото племе – дванаесет илјади; од Венијаминовото племе – дванаесет илјади обележани со печат.
Црквата како мноштво од избраните9 3,4-5.18; 4,4; 1 Мојс 15,5 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите родови и племиња, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.
104,2И воскликнуваа со силен глас, велејќи: „Спасението е од нашиот Бог, Кој седи на престолот, и од Јагнето!“
1111,16А сите ангели стоеја околу престолот и околу старешините и четирите суштества, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога,
12велејќи: „Амин! Благословот и славата и мудроста и благодарноста и честа и силата и моќта на нашиот Бог во вечни векови. Амин!“
13А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели облеки, кои се и од каде дошле?“
141,5; 22,14; 1 Мојс 49,11; Дан 12,1; Мт 24,21; Мк 13,19А јас му одговорив: „Господине мој, ти знаеш.“ А тој ми рече: „Тие се оние што доаѓаат од големи маки; тие ги испраа своите облеки и ги избелија во крвта на Јагнето.
153,12; 4,2; Ис 4,5-6; Јн 1,14Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној што седи на престолот, ќе го распростре Својот шатор над нив;
16Ис 49,10; Пс 120,6и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; и нема да ги пече сонцето и никаква горештина;
1721,4; Ис 25,8; 49,10; Ер 2,13; Ез 34,23; Пс 22,1-2бидејќи Јагнето, Кое е среде престолот, ќе им биде пастир и ќе ги води на изворите со жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.