Дела 16 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму имаше еден ученик, по име Тимотеј, син на некоја жена Ју­деј­ка, која поверувала, и на татко Елин;

2тој ученик беше докажан меѓу браќата во Листра и Иконија.

31 Кор 9,20.21А Павле сакаше тој да тргне со него, и откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин.

415,23-29; 21,25И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на од­редбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим.

5Кол 2,5; 1 Птр 5,9И така, црквите се утврдуваа во ве­ра­та, и нивниот број секојдневно се зголемуваше.

Павле повикан во Македонија

6 18,23 Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто беа спречени од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија.

71 Птр 1,11А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот не ги пушти.

8И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада.

918,9Преку ноќта Павле имаше видение: пред него стоеше еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

10По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфа­тив­ме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме благовестието.

Крштевањето на Лидија од Македонија

11И така, откако отпловивме од Тро­ада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол,

12и оттаму во Филипи, римска колонија и главен град на тој дел од Македонија. Во тој град престојувавме не­колку дена.

13А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени.

14И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше пурпурни ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.

1511,14; 16,31; Лк 24,29А кога беше крстена таа со нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.

Павле и Сила во затвор

16 19,24 Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на своите господари им донесуваше големи приходи од гатањето.

17Мк 1,24И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие ни го навестуваат патот на спасението.“

183,16Таа ова го правеше многу денови. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во име­то на Исус Христос – излези од неа!“ И излезе во истиот час.

19Штом видоа нејзините господари дека пропадна надежта за нивното бо­га­тење, ги фатија Павле и Сила, и ги дов­лечкаа на плоштадот кај началниците.

20И кога ги приведоа пред управ­ни­ци­те, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунат нашиот град

21и проповедаат обичаи што нам, ка­ко Римјани, не ни доликува ниту да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“

222 Кор 11,25Тогаш народот се нафрли на нив; а управителите, штом им ги раскинаа алиштата, започнаа да ги тепаат со стапови;

23и, откако многу ги испотепаа, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стра­жар му наредија да ги чува добро.

24Тој, штом прими таква за­повед, ги фрли во внатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада.

25Кол 3,16На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Му пееја благодарствени песни на Бога, а затворени­ци­те ги слушаа.

264,31Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа.

27А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека зат­во­ре­ни­ци­те избегале.

28Но Павле викна со силен глас и ре­че: „Не прави си никакво зло, бидејќи сите сме овде!“

29А тој побара светло, се стрча и рас­тре­перен падна пред Павле и Сила;

302,37па, откако ги изведе надвор, рече: „Господа, што треба да направам за да се спасам?“

314,12; 11,14; 16,31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и твојот дом!“

32И му го проповедаа словото Гос­по­дово нему и на сите што беа со него во неговата куќа.

338,36.38Во истиот час таа ноќ тој ги зеде и им ги изми раните. Потоа вед­наш беше крстен тој самиот и сите не­гови домашни.

34Тогаш ги одведе во својата ку­ќа, постави трпеза и се зарадува со це­лиот свој дом, зашто поверува во Бога.

35А кога осамна, началниците пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“

36Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Управниците пра­тија да ве ослободам. Затоа, сега излезете и одете си со мир!“

3722,25; 23,27Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ тепаа пред на­ро­дот без суд и нѐ фрлија в затвор, са­каат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“

3822,29Судските служители им го соопштија тоа на управниците; а тие се упла­шија, кога слушнаа дека тоа се римски граѓани.

39Па дојдоа и им се извинија и, откако ги изведоа, ги замолија да излезат од гра­дот.

4014,22; 20,1-2А тие, штом излегоа од затворот, отидоа кај Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си заминаа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help