Јован 20 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Празниот Исусов гроб(Мт 28,1-8; Мк 16,1-8; Лк 24,1-12)

1 Мт 27,56; Дела 20,7; 1 Кор 16,2 Во првиот ден од седмицата Марија Магдалина дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен.

213,23; 18,15; 19,26; 21,7.20Па отрча и дојде кај Симон Пе­тар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го зеле Господа од гробот и не знам каде Го положиле.“

3Тогаш Петар и другиот ученик излегоа и појдоа кон гробот.

4И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде кај гробот.

5И наведнувајќи се, ги виде повоите кај лежат, но не влезе.

611,40.44; 19,40; Лк 24,24По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и ги виде повоите кај лежат;

7а крпата, што Му беше на главата, не лежеше со повоите, туку од­делно свиткана на едно место.

8Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде и поверува,

95,39; Пс 15,10; Мт 5,17; Дела 2,27.31; 1 Кор 15,4зашто уште не го беа разбрале Писмото де­ка Тој треба да воскресне од мртвите.

10Тогаш учениците се вратија дома.

Исус ѝ се јавува на Марија Магдалина(Мк 16,9-11)

11А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И како што плачеше, се наведна над гробот;

12Мт 28,2-5; Мк 16,5; Лк 24,23; Евр 1,14; Откр 3,5; 4,4и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а други­от кај нозете, каде што беше лежело Исусовото те­ло.

1320,2Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го зеле мојот Гос­по­д и не знам каде Го положиле!“

1421,4; Лк 24,16; 2 Кор 5,16И штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исус како стои; но не знаеше дека е Исус.

15Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го однел Ти, кажи ми каде си Го поло­жил, и јас ќе Го земам.“

16Мк 10,51Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврте и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“

1713,33; 14,2-3.28; 16,5-7; Пс 21,22; Мт 12,49; 28,10; Дела 1,3; Рим 8,29; 15,6 Исус ѝ рече: „Не допирај се до Ме­не, зашто уште не сум се вратил кај Мо­јот Отец; туку отиди кај Моите браќа и кажи им: ’Се враќам кај Мојот Отец и вашиот Отец, кај Мојот Бог и вашиот Бог‘.“

18Дојде Марија Магдалина и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ го рекол.

Исус им се јавува на Своите ученици(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Лк 24,36-49)

19 14,18-19; Мт 18,20 А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа собрани Неговите ученици беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“

2015,11; 16,20.22; 19,34И штом го рече ова, им ги покажа Своите раце и ребра. И учениците се зарадуваа кога Го ви­доа Господа.

2117,18; Мт 28,19; Мк 16,15А Исус повторно им рече: „Мир вам! Ка­ко што Ме прати Отецот, и Јас ве праќам вас.“

221,33; 7,39; 1 Мојс 2,7; Ез 37,9; Мудр 15,11; Дела 1,8; 1 Кор 15,45И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Го Светиот Дух!

23Мт 16,19; 18,18На оние на коишто ќе им ги простите гре­во­ви­те, ќе им се простат, а на оние на коишто ќе им ги задржите, ќе им се задржат.“

Исус и неверниот Тома

24 11,16; 14,5; 21,2 А Тома, еден од дванаесеттемина, наре­чен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус.

2519,34; 1 Кор 9,1Другите ученици му рекоа: „Го ви­довме Господа!“ А тој им рече: „Ако не ги видам раните од клинците на Неговите ра­це, и не го ставам својот прст во раните од клинците, и не ја ставам својата рака во Неговите ребра, нема да поверувам!“

2614,27; 20,19А по осум дена Неговите ученици пак беа собрани, и Тома беше со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана насреде нив и рече: „Мир вам!“

2720,25; Мк 16,14; Лк 24,25.40Потоа му рече на Тома: „Дај го својот прс­т овде и види ги Моите раце; дај ја својата рака и стави ја во Моите ребра; и не биди неверен, туку верен!“

28Тома одговори и Му рече: „Господ мој и Бог мој!“

294,48; 17,20; 1 Птр 1,8Исус му рече: „Ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“

Целта на оваа книга

30 21,25 И уште многу други чуда направи Исус пред Своите ученици, што не се за­пи­шани во оваа книга.

311,12; 3,15-16; Дела 2,36; Рим 1,4; 1 Јн 5,13А овие се запишани за да поверува­те дека Исус е Христос, Синот Божји, та, верувајќи, да имате живот во Неговото име.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help