Дела 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Оздравување пред портата на храмот

1 , часот за молитва.

2Таму имаше еден човек, куц уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред вратата на храмот на­речена Прекрасна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот.

3Кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, тој запроси милостина и од нив.

414,8-9А Петар, заедно со Јован, го впери погледот во него и му рече: „Погледни нѐ!“

5И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив.

64,10; 16,18; 19,13Но Петар рече: „Јас немам сребро и злато, но тоа што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет ста­ни и оди!“

7И фаќајќи го за десната рака, го исправи, а нему во истиот миг му се зац­врс­наа стапалата и глуждовите.

814,10И потскокнувајќи, се исправи и почна да оди, и влезе во храмот заедно со нив, одејќи, скокајќи и фалејќи Го Бога.

9И сиот народ го гледаше како оди и како Го фали Бога.

10Лк 4,36; Лк 5,9Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што поради ми­лос­тина седеше пред Прекрасната порта на храмот; и се зачудија и се исполнија со восхит за она што се случи со него.

Беседата на Петар во храмот

11 5,12; Јн 10,23 И бидејќи оздравениот куц човек цврсто се држеше за Петар и Јован, сиот народ вчудовиден дотрча кон нив во тремот, наречен Соломонов.

1210,26; 14,15А Петар, штом го виде тоа, му се обрати на народот: „Луѓе Израилци, што се чу­дите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или благочестие да направивме овој да прооди?

132,23; 3,15; 13,28; 2 Мојс 3,6; Лк 23,13; 23,20-25Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на нашите татковци Го прослави Својот Син Исус, Кого вие Го пре­да­дов­те и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти.

14Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец,

152,24; 2,32; 3,26; 13,32; 17,31а Го убивте Началникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите, за што ние сме сведоци.

163,7И поради верата во Неговото име, го утврди овој кого вие го гледате и познавате; и верата што доаѓа преку Него му даде нему исцеление пред сите вас.

1713,28; 17,30; 1 Тим 1,13А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници.

18Лк 24,27; 1 Кор 15,3Но, Бог, она што однапред го навести преку устата на сите Свои пророци, односно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни.

192,38; 10,43; 13,38; 26,18Затоа покајте се и преобратете се, за да се очистите од вашите гревови,

205,31за да дојдат од лицето на Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати претходно определениот за вас Христос Исус,

21Мт 19,28; Лк 1,70Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог од памтивек преку устата на сите Свои пророци.

227,37; 5 Мојс 18,15; Лк 9,35Зашто Мојсеј им беше рекол на тат­ков­ците: ’Господ вашиот Бог од вашите браќа ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘

233 Мојс 23,29; 5 Мојс 18,19И секој што нема да Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот.

2410,43; 13,26; Евр 11,32И сите пророци, од Самоил и по него, кога зборуваа, исто така ги навестуваа и овие денови.

257,8; 1 Мојс 12,3; 18,18; 22,18; 26,4; Рим 9,4-5; Гал 3,8Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го склучи со вашите татковци, велејќи му на Авраам: ’Во твоето потомство ќе бидат бла­гословени сите народи на земјата.‘

263,20; 1 Птр 3,9Бог, откако Го воздигна Својот Син, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се од­врати од своите зли дела.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help