Галатјаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Изворот на дарот од Духот

1 6,14; 1 Кор 2,2 О, неразумни галатјани! Кој ве маѓепса, та не се покорувате на вис­тината, вие, пред чии очи Исус Христос беше насликан како распнат помеѓу вас?

22,16; Дела 11,17Само ова сакам да го дознаам од вас: Духот го добивте преку делата на Законот или преку слушнатото од верата?

3Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со телесноста ли сега завршувате?

41 Кор 2,12; 12,4-11; 2 Кор 12,12Зар напразно толку многу страдавте? Да беше само напразно!

5Оној што ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чуда, тоа го прави преку делата на Законот или преку слушнатото од верата?

Авраамовото ветување

6 1 Мојс 15,6; Рим 4,3 Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.

7Тогаш знајте дека оние што се од верата, тие се Авраамови синови.

81 Мојс 12,3; 18,18; Дела 3,25И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовестеше на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“

9Рим 4,16Па така, оние што се од верата, се бла­гословени заедно со верниот Авраам;

105 Мојс 27,26а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е на­пи­шано: „Проклет да е секој што не го живее и не го исполнува сето она што е напишано во книгата на Законот!“

11Авак 2,4; Рим 1,17; Евр 10,38А дека никој не се оправдува пред Бога преку Законот, се знае, бидејќи: „Праведниот ќе живее преку верата.“

123 Мојс 18,5; Рим 10,5А Законот не е од верата, туку: „Оној човек што ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“

134,5; 5 Мојс 21,23; Рим 8,3; 2 Кор 5,21Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, зашто е напишано: „Проклет да е секој што виси на дрво!“,

14за благословот, даден на Ав­раам, да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, па преку верата да Го примиме ветеното од Духот.

Законот и ветувањето

15Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура, ниту му додава нешто.

161 Мојс 12,7; 13,15; 17,8; 24,7; Мт 1,1; Рим 4,13Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на неговиот потомок. Не е ре­че­но: „И на потомците“, како за мнозина, туку како за еден: „И на твојот потомок“, Кој е Христос.

172 Мојс 12,41Ова сакам да го кажам: Заветот, настанат че­ти­ристотини и триесет години подоцна, не го укинува Заветот што претходно беше утврден од Бога во Христос, та ветувањето да ја изгуби силата.

18Рим 4,14; 11,6Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветува­њето; туку Бог му го дари на Авраам по ве­тување.

19Дела 7,38.53; Рим 5,20; Евр 2,2Тогаш, зошто е Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде потомокот на кого се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, пре­ку рака на посредник.

205 Мојс 6,4; Рим 3,30Но каде што е само еден, нема посредник – а Бог е еден.

21Дела 13,38-39; Рим 8,3Па така, Законот противен ли е на Божјите ветувања? Никако! Зашто, ако беше даден Закон што ќе можеше да животвори, тогаш навистина оправданието ќе произлегуваше од Законот.

22Рим 11,32Но Писмото ги затвори сите под грев, па преку верата во Исус Христос да им се даде ветеното на оние кои веруваат.

23Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата која требаше да се открие.

244,2; Рим 10,4И така, Законот ни стана вос­пи­тувач за Христос, за да бидеме оправдани преку верата;

25а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.

264,5; Јн 1,12; Рим 8,14Зашто сите сте синови Божји преку верата во Христос Исус;

27Рим 13,14; Кол 3,10сите, што се крстивте во Христос, во Христос се облековте.

28Рим 10,12; 1 Кор 12,13; Кол 3,11Нема веќе ни Јудеец, ни Елин, ни роб, ни слободен; нема ни машко, ни женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.

29А ако сте Христови, то­гаш сте Авраамово потомство, наследници по ветувањето.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help