Евреите 13 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Богоугодно живеење

1 Рим 12,10 Бидете истрајни во братољубието!

21 Мојс 18,2-3; 19,1-3; Суд 6,11; 13,3; Рим 12,13Не запоставувајте ја гостољубивоста, бидејќи преку неа некои, и без да знаат, им укажаа гостопримство на ангели.

310,34; 11,36; Мт 25,36; 1 Кор 12,26Помнете ги затворениците, како и вие да сте затворени со нив, и стра­далниците, зашто и самите сте во тело.

41 Кор 6,9.13; Ефес 5,5; Откр 22,15Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.

51 Мојс 28,15; 5 Мојс 31,6; 31,8; Ис.Н. 1,5; Фил 4,11; 1 Тим 3,3; 6,6-10Немојте да бидете среброљупци; задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;

6Пс 117,6 така што слободно да велиме: „Гос­под ми е помошник, и нема да се пла­шам; што може да ми направи човек?“

7Помнете ги и вашите учители, кои ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја нивната вера.

8Исус Христос е ист вчера, денес, и довека.

9Не давајте да ве заведат разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со прописи за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.

107,13; 8,4-5; 1 Кор 9,13; 10,18Ние имаме жртвеник од кого нема­ат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,

113 Мојс 16,15.27бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на грево­вите, се изгоруваат надвор од живе­алиштето.

1210,10; Јн 19,17.20; Ефес 5,26Затоа и Исус, за да ги освети лу­ѓето со Својата крв, пострада надвор од градската порта.

1311,26; Лк 9,23И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи го Неговото понижување,

14зашто овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.

15Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат Неговото име.

16Дела 4,32; Фил 4,18И не ги заборавајте доброчинствата и споделувањето на она што го имате, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

17Покорувајте им се на ва­шите водачи и бидете им послушни. Тие бдеат за вашите души, бидејќи се задолжени да дадат одговор за нив. Гледајте тоа да го вршат со радост, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.

18Дела 23,1; Рим 15,30; 2 Кор 1,12; 1 Тим 3,9Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, сакајќи во сѐ добро да постапуваме.

19Уште повеќе ве замолувам да го правите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.

Завршна молитва

20 7,22; Ис 55,3; 63,11; Јн 10,11; 1 Птр 2,25; 5,4 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот Завет Го воздигна од мртвите великиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус,

2110,9.36; 12,28; Рим 16,24; 2 Кор 5,9; Фил 2,13; 1 Јн 3,22нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Кому слава во вечни векови, Амин!

2210,25; 1 Птр 5,12Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко ви напишав.

23Дела 16,1Знајте дека братот Тимотеј е ослободен; со него, ако дојде навреме, ќе ве видам.

24Поздравете ги сите ваши водачи и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.

25Кол 4,18; Тит 3,15Благодатта нека биде со сите вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help