Ефесјаните 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Единството на телото

1 3,1; Кол 1,10 Затоа јас, затвореникот во Господа, ве молам да се однесувате достојно на позивот за кој сте повикани,

2Гал 6,2; Кол 3,12-13со секакво смиреномудрие и кроткост, со долготрпеливост, поднесувајќи сѐ меѓусебно во љубов,

31,10; 2,13-16; Фил 1,27; Кол 1,20трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.

45 Мојс 6,4-5; Мт 23,8-10; 1 Кор 12,4-6

Рим 12,3-6; 1 Кор 10,17; Кол 1,5Едно тело и еден Дух, како што сте и повикани кон едната надеж на ва­шиот позив.

51 Кор 1,13; 8,6Еден Господ, една вера, едно крш­тение,

6еден Бог и Отец на сите, Кој е над сите, преку сите и во сите нас.

7Рим 12,3.6; 1 Кор 12,11А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8Пс 67,18; Кол 2,15Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“

9Пс 67,18; Јн 3,13А што значи „се издигна“, ако не тоа дека Тој претходно слезе во најдолните места на земјата.

10Оној Кој слезе е истиот Кој и се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

111 Кор 12,4-11.28И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, некои за благовестители, а некои за пастири и учители,

122,21за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13Кол 1,28додека сите не достигнеме до единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мерата на потполната Христова возраст,

14Рим 16,19; 1 Кор 3,1-3; 14,20; Евр 5,11-14; 13,9та да не бидеме веќе мали деца што ги колеба и понесува секој ветар на лукавите човекови учења, измислувани од итреците за да водат кон заблуда.

151,22; Кол 1,18Туку живеејќи вистинито во љубовта, на секаков начин да растеме во Оној што е главата – Христос –

16Кол 2,19од Кого целото тело, составено и сврзано со сите зглобови што го одржуваат преку дејствувањето на секој дел според неговите сили, прави телото да расте, за самото да се изгради во љубов.

Новиот живот во Христос

17 Рим 1,18-32 Ова го зборувам и сведочам во Господа: да не живеете веќе како што живеат незнабошците, по суетата на својот ум;

182,12; Мк 3,5помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради незна­ењето што е во нив и поради закоравеноста на нивното срце.

19Станувајќи бесчувствителни, се пре­да­доа себеси на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20Но вие не Го познавте така Хрис­тос,

21ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – зашто вистината е во Исус,

22Кол 3,5.9-10тогаш отфрлете го од себе стариот човек според кого претходно жи­ве­евте, кој се распаѓа во измамливите желби,

23Рим 12,2за да се обновите во духот на својот ум

24Кол 3,10и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во праведноста и светоста на вистината.

25Зах 8,16; Рим 12,5; 1 Кор 12,12; Кол 3,8-9Затоа, отфрлајќи ја лагата, кажувајте ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.

26Пс 4,4.8; Мт 5,22; Јк 1,19-20Гневете се, но не грешете; сонцето да не зајде пред вашиот гнев;

27и не давајте му место на ѓаволот.

281 Кор 4,12; 1 Сол 4,11Кој крадел, нека не краде веќе, туку нека се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.

295,4; Мт 15,11; Кол 3,8.16; 4,6; Јк 3,10-12Никаков гнасен збор да не излегува од вашата уста, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.

301,13-14; Ис 63,10И не ожалостувајте Го Светиот Божји Дух со Кого сте запечатени за денот на откупувањето.

31Кол 3,8Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хула заедно со секоја друга злоба.

32Мт 6,14; 18,22-35; Кол 3,12-13Бидете добри и милосрдни еден кон друг, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help