Дела 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1А еден човек, по име Ананија, за­едно со својата жена Сапфира, продаде имот

2и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на својата жена, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.

3Лк 22,3А Петар рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?

4Додека не беше продадена, зар не беше твоја? И откако ја продаде, зар парите не беа во твоја власт? Зошто си стави во своето срце таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“

52,43; 5,11Кога Ананија ги слушна тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушнаа тоа.

6Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

7А кога поминаа околу три часа, вле­зе и неговата жена, не знаејќи што се случило.

8И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“

915,10Потоа Петар ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата се нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“

10И таа веднаш падна пред неговите нозе и издивна. А кога момчињата влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја пог­ребаа до нејзиниот маж.

11И голем страв ја обзеде целата Црк­ва и сите што го слушнаа тоа.

Многубројни чуда

12Преку рацете на апостолите се случуваа многу знаци и чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во Соломоновиот трем.

13Од останатите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.

14И мнош­твото на мажи и жени што веруваа во Господ сѐ повеќе се зголемуваше,

15Лк 6,19така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постели и носила, та кога ќе помине Петар, барем неговата сен­ка да осени некого од нив.

16А во Ерусалим доаѓаа и многумина од околните градови, донесувајќи бол­ни и мачени од нечисти духови, и сите беа излечени.

Затворањето на апостолите и нивното чудесно избавување

17Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и, исполнети со завист,

18ги ставија своите раце на апосто­ли­те и ги фрлија во јавниот затвор.

19Но во текот на ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:

203,15; 11,18; 13,46-48„Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“

214,2Штом го слушнаа тоа, тие уште од утрото влегоа во храмот и поучува. А кога дојде првосвештеникот, и оние што беа со него, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија луѓе во зат­ворот за да ги доведат апостолите.

22Но кога поданиците отидоа, не ги најдоа во затворот, па, штом се вратија, изјавија,

23велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред вратата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“

24Штом ги слушнаа овие зборови, свештеникот, заповедникот на храмот и првосвештениците се збунија од нив, размислувајќи што би тре­ба­ло да значи тоа.

25Но некој дојде и им објави: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“

26Тогаш заповедникот на храмот отиде заедно со поданиците и ги доведе, но не на сила, зашто се плашеа од народот, да не ги убијат со ка­мења нив самите.

27А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот. И првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече:

284,18„Зарем не ви забранивме строго да поучувате во тоа име? А ете, вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној Човек да ја фрлите на нас.“

294,19А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.

3010,39; 13,29-30Бог на нашите татковци Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на дрво.

31Него Бог со Својата десница го воздигна за Началник и Спасител, за да му даде на Израил покајание и простување на гре­вовите.

3215,28За тие Негови зборови сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

33Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и се договараа да ги убијат.

34Но, тогаш во Синедрионот стана еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,

35а ним им рече: „Луѓе Израилци, внимавајте добро што ќе правите со овие луѓе!

368,9Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е голем човек, и му се придружија околу четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му се потчинија, се разотидоа и исчезнаа.

37По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што му се покоруваа се растурија.

38И сега ви велам – отстапете од овие луѓе и оставете ги; зашто, ако ова е замисла или дело на луѓе, ќе се разруши;

392 Мак 7,19; Лк 20,4а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете богоборци!“

40Тие го пос­лу­шаа, и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.

41А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Исус.

4221,13; 3 Јн 1,7И ниту еден ден не престануваа да поучуваат во храмот и по куќите и да бла­го­вестат за Исус Христос.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help