1А кога излегуваше од храмот, еден од Неговите ученици Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“
2Лк 19,44А Исус му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Нема да остане тука ниту камен на камен, што нема да биде урнат!“
Страдања и прогонства(Мт 24,3-14; Лк 21,7-19)3 11,1; Мт 4,18.21 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Петар, Јаков, Јован и Андреј насамо Го прашаа:
44 Цар 20,8„Кажи ни, кога ќе биде тоа и каков ќе биде знакот кога сето тоа ќе треба да се исполни?“
5Исус, одговарајќи им, почна да зборува: „Пазете се да не ве прелаже некој!
6Ер 14,14; Јн 5,43Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.
7Агеј 2,6; Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа сѐ уште не е крајот.
8Ис 19,2; 26,17; Ер 4,31; 2 Лет 15,6Бидејќи ќе се крене народ против народ и царство против царство; а на некои места ќе има и земјотреси, и глад и метежи. Тоа е почетокот на страдањата.
91,44; 6,11; Мт 10,17-18Но вие пазете се, зашто ќе ве предаваат на судови; и ќе ве тепаат по синагогите, и ќе бидете изведувани пред управници и пред цареви заради Мене, за сведоштво пред нив.
10Мт 28,19; Рим 11,25И кај сите народи најнапред треба да се проповеда благовестието.
11Мт 10,19А кога ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту претходно обмислувајте; туку она што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; зашто не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
12Мих 7,6; Мт 10,35И брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете, и ќе се дигнат деца против родители, и ќе ги убијат.
13Мт 5,11; 10,22; Лк 6,22; Јн 15,18-21; 16,2; 1 Птр 4,14Ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
Големото запустување(Мт 24,15-28; Лк 21,20-24; 17,23; 21,8)14 Дан 9,27; 11,31; 12,11; 1 Мак 1,54 „А кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето, за која говори пророк Даниил, како стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од својата куќа;
16Лк 17,31и кој е на нива, да не се враќа за да си ја земе облеката!
17Лк 23,29 Тешко на бремените и на доилките во тие денови!
18Туку молете се вашето бегство да не биде во зима!
19Дан 12,1; Мт 24,21; Откр 16,18Зашто во тие денови ќе има неволја, каква што досега немало од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има.
20И ако Господ не ги скрати тие денови, тогаш никој и ништо не би се спасило; но заради избраните, кои ги избра Тој, ги скрати деновите.
21Ако некој тогаш ви каже: ’Еве, овде е Христос‘, или: ’Ене, таму е‘, не верувајте!
225 Мојс 12,32–13,2; Мт 24,11.24; 2 Сол 2,9-10; Откр 13,13-14Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.
23Но вие – чувајте се! Ете, сѐ однапред ви кажав!
Исусовото враќање(Мт 24,29-31; Лк 21,25-28)24 Ис 13,10; 34,4; Ез 32,7-8; Јоил 2,10; 2,31; 3,15; Амос 8,9; Откр 6,12-14; 8,12 Во тие денови, по неволите, сонцето ќе се помрачи и месечината нема да ја дава својата светлина,
25и ѕвездите ќе паѓаат од небото и силите, што се на небото, ќе се разнишаат.
264 Мојс 11,25; Дан 7,13; 7,14; Мт 8,20; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци со голема сила и слава.
275 Мојс 30,3-4; Ез 37,9; Зах 2,6; Неем 1,9Тогаш Тој ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
Споредба со смоквата(Мт 24,32-35; Лк 21,29-33)28 11,13; Мт 21,19 Научете ја параболата од смоквата: кога нејзините гранки ќе станат кревки и ќе разлистат, знаете дека е близу летото.
29Јк 5,9; Откр 3,20Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Тој е близу, пред врата!
30Мт 23,36Вистина ви велам: нема да помине ова поколение, додека сето тоа не се случи.
31Мт 5,18; Лк 16,17Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат!“
Денот и часот го знае само Отецот(Мт 24,36-44)32 Мт 24,36; Дела 1,7; 1 Сол 5,1-2 „А за тој ден и тој час никој не знае, ниту ангелите на небесата, ниту Синот, а само Отецот.
3314,38; Мт 24,42; Ефес 6,18Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе дојде часот.
34Мт 25,14Како човек кој, заминувајќи, ја остава својата куќа и на своите слуги им дава власт, и секому своја работа, а на вратарот му заповеда да биде буден.
35Мт 25,13Затоа, бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или кога ќе пропеат петлите или наутро,
36па да не дојде ненадејно и да ве затече како спиете.
37Мт 26,41Она што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.