Лука 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исус и саботата(Мт 12,1-8; Мк 2,23-28)

1 ;

16Мт 10,3-4; Јн 14,22; Дела 1,13Јуда Јаковов и Јуда Искариотски, кој стана предавник.

Исус и народот(Мт 4,24-25; Мк 3,7-11)

17 Мк 3,8 Па откако слезе заедно со нив, Тој се задржа на едно рамно место; беа та­му и мнозина Негови ученици и големо мноштво луѓе од цела Јудеја, и од Ерусалим и од крајбрежјето на Тир и на Сидон. Тие беа дојдени да Го слушаат и да се исцелат од своите болести,

18а беа из­лечени и оние што страдаа од нечисти духови.

195,17; 8,46; Мт 14,36; Мк 3,10; 5,30И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и сите ги лекуваше.

За блажените(Мт 5,1-12)

20 4,18; 10,21; 18,14; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 32,12; 33,19; 83,5; Изреки 8,32.34; Мт 3,2 А Тој ги подигна очите кон Своите ученици и им говореше: „Бла­же­ни сте вие бедните, зашто ваше е царството Божјо!

21Ис 25,6-9; 49,10; 61,3; Ер 31,25; Пс 125,5-6; Откр 7,16-17Блажени сте вие, кои сега гладува­те, зашто ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, зашто ќе се сме­ете!

22Мт 8,20; Мк 13,13; Јн 9,22; 16,2; 1 Птр 4,14 Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве отфрлат и ќе ве навредуваат и ќе го разгласат ва­шето име како лошо, поради Синот Чо­вечки!

2313,33-34; 2 Лет 36,16; Мт 21,35; 23,30-31Зарадувајте се во оној ден и заиграј­те, зашто голема е вашата награда на небото. Зашто и нив­ните тат­ковци така постапуваа со пророците!

2411,42-52; 16,25; Ис 5,8; Ер 17,5-6; Амос 6,1; Авак 2,6; Проп 10,16; Мт 11,21; Јк 5,1-5Но тешко вам богати, зашто веќе сте ја примиле својата утеха!

25Тешко вам презаситени, зашто ќе огладнете! Тешко вам кои сега се смеете, зашто ќе заридате и ќе заплачете!

26Јк 4,4Тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборуваат добро за вас, зашто и нив­ните татковци така им правеа на лаж­ните пророци!

Љубов кон непријателите(Мт 5,38-48)

27Но вам, кои слушате, ви велам: љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние што ве мразат;

28Рим 12,14благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат!

29Плач 3,30; Јн 18,22-23; Дела 23,3На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што ќе ти ја земе наметката, подај му ја и туниката.

30На секој што бара од тебе, дај му, и од оној што ти зема нешто, не барај да ти врати!

31Тов 4,16; Мт 7,12; Рим 13,8-10Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!

32И ако ги љубите оние што вас ве љу­бат, каква ви е наградата? Заш­то и грешниците ги љубат оние кои нив ги љубат.

33И ако им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Зашто и грешниците го прават истото.

34И ако им дадете заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници за да им се врати истото.

353 Мојс 25,35-36; 5 Мојс 15,8Туку вие љубете ги вашите непријатели, и правете добро и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така вашата награда ќе биде голема и ќе бидете си­нови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон злобните.

Милосрдност кон ближниот(Мт 5,48; 7,1-12; 15,14; 10,24-25; 7,3-5)

36 2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,31; Пс 77,38; 85,15 И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“

37Мт 6,14; Мк 11,25; Рим 14,10„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; простувајте и ќе ви биде простено;

3816,9; Рута 3,15; Мк 4,24давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви да­дат во пазувите; зашто со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.“

39Мт 15,14; Рим 2,19И им кажа парабола: „Може ли слеп да води слеп? Зар нема и обајцата да паднат во јама?

40Мт 10,24-25; Јн 13,16; 15,20Ученикот не е поголем од својот учител; но секој што ќе се усоврши, ќе биде како и неговиот учител.

41И зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?

42Или, како можеш да му кажеш на својот брат: дозволи, брате, да ти ја из­вадам раската од окото, кога сам не ја гледаш гредата во своето око? Ли­цемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш, за да ја извадиш раската од окото на својот брат.“

Вистинскиот ученик(Мт 7,16-21; 12,33-37)

43„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво што дава до­бар плод.

44Мт 7,16; 12,33; Јк 3,11-12Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.

45Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а злобниот човек од злобната ризница на своето срце изнесува зло, зашто него­ва­та ус­та го зборува она со што му е ис­полнето срцето.“

Две куќи(Мт 7,21-27)

46 Ис 29,13; Мал 1,6-7; Мт 7,21; Мк 7,6; Рим 2,13; Јк 1,22.25; 1 Јн 2,17 „И зошто Ме повикувате: ’Господи, Господи!‘ а не го извршувате она што ви го кажувам?

47Ќе ви покажам на кого прилега секој што доаѓа кај Мене, ги слуша Моите зборови, и ги исполнува.

48Тој прилега на човек кој, градејќи куќа, копал длабоко и поставил темели на камен; а кога настана поплава, реката навали на таа куќа и не можеше да ја помести, зашто беше основана на ка­мен.

49А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек што изградил куќа на земја, без темели; и кога надојде реката веднаш падна, и разурнувањето на таа куќа беше страшно.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help