Евреите 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Христос е поголем од Мојсеј

1 2,11; 4,14; 10,23; Ис 17,7; 2 Кор 9,13; Фил 3,14 Затоа, свети браќа, соучесници во небесниот повик, имајте го на ум Пратеникот и Првосвештеникот на верата што ја исповедаме, Исус Христос,

2Кој Му беше верен на Оној што Го поставил, како што беше и Мојсеј – во целиот Не­гов дом.

38,6; 2 Кор 3,7Бидејќи Тој се удостои со поголема слава од Мојсеј, онака како што и градителот има поголема чест од куќата што ја изградил!

4Зашто секоја куќа се гради од некого; а Оној, Кој изградил сѐ, е Бог.

52 Мојс 14,31; 4 Мојс 12,7; Откр 15,3И Мојсеј Му беше верен како слуга на целиот Негов дом, за да го посведочи она што требаше да се соопшти.

64,16; 1 Лет 17,12-14; Рим 5,2; 1 Кор 3,16; 6,19; Ефес 2,19-22; Кол 1,23; 1 Тим 3,15; 1 Птр 2,5Христос, како Син во Својот дом. Негов дом, пак, сме ние, доколку докрај цврсто ги запазиме смелоста и надежта, со која се фалиме.

Спокој за Божјите луѓе

7 Пс 94,7-11 9,8; 10,15; Мт 22,43; Дела 28,25 Затоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете Неговиот глас,

82 Мојс 17,7не закоравувајте ги своите срца, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,

9каде што вашите татковци Ме ис­ку­шуваа, Ме испитуваа, и ги гледаа Моите дела четириесет години.

10Дела 7,36Затоа се разгневив на тоа поколение и ре­ков, секогаш се заблудуваат во срцата; а самите не ги познаа Моите патишта.

114 Мојс 14,21-23; 5 Мојс 1,34-35Па така, во Својот гнев се заколнав дека нема да влезат во Мојот спокој.“

123,8; 10,22; 12,15; Ер 18,12Браќа, внимавајте, да не би во некого од вас да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.

133,7; 10,24; Рим 7,11; 2 Кор 6,1-2; 1 Сол 5,11; 2 Сол 2,10Туку охрабрувајте се секој ден еден со друг, додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не се закорави преку измамата на гревот;

1411,1зашто ние станавме соучесници на Христос, ако докрај цврсто ја задржиме првобитната увереност;

15Пс 94,7-8како што е речено: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не се закорават вашите ср­ца онака како кога се побунив­те.“

164 Мојс 14,2Зашто кои се тие што чуја и се огорчија, ако не се оние што со Мојсеј излегоа од Египет?

174 Мојс 14,29Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Зар не против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината?

185 Мојс 1,26; 1 Кор 10,5Кому, пак, Тој се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој, ако не на оние што беа непокорни?

193,12; 4,6; Пс 77,22; 106,24; Јн 3,36И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help