Откровение 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Отворање на првите шест печати

1И видов кога Јагнето отвори еден од седумте печати, и чув едно од чети­рите суштества кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“

219,11; Зах 1,8-10; 6,1-3И видов, ете, бел коњ, и на него ја­вач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.

3А кога го отвори вториот печат, чув како проговори второто суштество: „Дојди!“

4Ез 21,13-15И излезе друг коњ, огнено црвен; и на јавачот му беше дадено да го земе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.

5Зах 6,2И кога го отвори третиот печат, чув како проговори третото суштество: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со вага во својата рака.

6И чув глас среде четирите суштества, што велеше: „Шиник пченица за де­нариј, и три шиника јачмен за денариј; а маслото и виното не ги оштетувај!“

7И кога го отвори четвртиот печат, чув како проговори четвртото суштество: „Дојди и види!“

81,18; Ер 14,12; 15,3; Ез 5,12.17; Ос 13,14И видов, ете, сив коњ, а на него јавач, чиешто име беше Смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.

920,4А кога го отвори петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и заради сведоштвото на Јагнето, што го имаа

1011,18; 18,20; 19,2; 5 Мојс 32,43; 4 Цар 9,7; Зах 1,12; Пс 78,10; Лк 18,7и викаа со силен глас, велејќи: „До кога, Владико, свети и вистинити, нема да судиш и да им вратиш за на­шата крв на оние што живеат на земјата?“

113,5.18И на секого од нив му се даде бела облека, и им беше речено да почиваат уште малку време, додека не се исполни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие.

12Ис 13,10; 50,3; Јоил 3,3; Мт 24,29; Дела 2,20

8,12; Јоил 2,10; Мт 24,29И видов, кога го отвори шестиот печат, и настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и целата месечина стана како крв;

13Ис 34,4ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата нишана од силен ветар ги исфрла своите незрели смокви;

1416,20и небото исчезна како свиен свиток, и секоја гора и секој остров се по­местија од своите места;

15Ис 2,10.19.21; Ер 4,29и земните цареви, и големците, и началниците, и богатите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пеш­те­рите и горските карпи,

164,2; Ис 2,10.19; Ос 10,8; Лк 23,30велејќи им на горите и на кар­пите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној што седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17Јоил 2,1.11; 3,4; Мал 3,2; Рим 2,5зашто дојде великиот ден на Не­го­виот гнев, и кој ли може да опстане?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help