Откровение 14 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Јагнето и Неговиот народ

1 3,12; 5,6; Јоил 3,4; Авд 1,17; Пс 2,6 И видов: ете, Јагнето стоеше на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на своите чела напишано Неговото име и името на Неговиот Отец.

21,15И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; и гласот што го чув беше како глас на лиристи што свират на своите лири

34,4.6; 5,6.9; 7,4; Ис 42,10; Пс 32,2-3; 39,4; 95,1; 97,1; 144,1.9; 149,1и како да пееја нова песна пред престолот и пред четирите суштества и старешините; и никој не можеше да ја научи песната, освен оние сто чети­ри­есет и четири илјади што беа откупени од земјата.

45,9; Ер 2,3; Рим 16,5; 1 Кор 16,15Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следат Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето како првенци на Бога и на Јагнето,

5Ис 53,9; Соф 3,13; Пс 31,2и во нивната уста не се најде лага; зашто тие се непорочни.

Најавување на Божјиот Суд

6И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно благовестие, за да им благовести на земните жители, и на секое племе, род, јазик и народ.

72 Мојс 20,11; Мт 10,28Тој зборуваше со силен глас: „Имајте стравопочит кон Бога и оддадете Му слава, зашто настапи часот на Не­го­виот суд, и поклонете Му се на Оној што ги создаде небото и земјата, морето и водните извори!“

816,19; 18,2-3; Ис 21,9; 46,1-2; 47,1-15; Ер 25,15; 51,7-8; Дан 4,27И друг, втор ангел се појави по него, ве­лејќи: „Падна великиот Вавилон, кој сите народи ги напои со жестокото вино на својот блуд!“

9И друг, трет ангел дојде по него, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на неговиот образ, и прими белег на своето чело или на својата рака,

1015,7; 16,19; 1 Мојс 19,24; Ис 51,17.22; Ер 25,15; Ез 38,22; Пс 10,6; 75,9тој ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде ма­чен со оган и сулфур пред светите ан­гели и пред Јагнето.

1119,3; Ис 34,10И чадот од нивното мачење ќе се издига во вечни векови, и нема да имаат починка ни дење, ни ноќе оние што ќе се поклонат на ѕверот и на неговиот образ, и секој што ќе го прими белегот на неговото име!“

1212,17; 13,10Тука е трпението на светиите; на оние кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исус.

13Евр 4,10Чув глас од небото како вели: „Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – за да се одморат од својот труд, зашто нивните дела ги следат!“

Жетвата на земјата

14 Мт 8,20 И видов: ете, бел облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на Својата глава Тој имаше златен венец, а во раката – остар срп.

15Јоил 3,13; Јн 4,35И друг ангел излезе од храмот и из­вика со силен глас кон Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде часот да се жнее, бидејќи житото на земјата е зрело!“

16И Оној што седеше на облакот го фрли својот срп на земјата и земјата бе­ше ожнеана.

17И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп.

18И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Замавни со својот остар срп и обе­ри го грозјето од земното лозје, зашто гроздовите му се веќе зрели!“

1919,15; Ис 63,1-6; Плач 1,15И ангелот го фрли својот срп на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата преса на Божјиот гнев,

20и се изгмечи пресата надвор од гра­дот, и потече крв од пресата дури до уздите на коњите, во ширина на илјада и шестотини стадии.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help