1 8,14; 10,45; 15,7 Апостолите и браќата што беа во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
2И кога Петар влезе во Ерусалим, оние што беа од обрезаните се препираа со него,
3Гал 2,12велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“
410,28.48А Петар почна да им раскажува за сѐ по ред, велејќи:
510,11„Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платно, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.
61 Мојс 7,14Откако погледав во него и го разгледав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и небесни птици.
710,13-16И чув глас што ми зборуваше: ’Петар, стани, заколи и јади!‘
8Јас, пак, реков: ’Никако, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во мојата уста.‘
9А гласот од небото ми одговори по вторпат: ’Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘
10Тоа се случи трипати; и повторно се крена на небото.
11И ете, во тој час, пред куќата во којашто бев, застанаа тројца луѓе, испратени по мене од Кесарија.
1210,19-20.45А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек.
1310,3.22.30-33Тој ни раскажа како во својата куќа видел ангел, кој застанал и му рекол: ’Прати во Јопија луѓе и повикај го Симон, наречен Петар.
14Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘
152,1-4; 10,44И кога почнав да зборувам, Светиот Дух слезе над нив, како и над нас во почетокот.
161,5; Лк 3,16; Јн 14,26Тогаш се сетив на Господовите зборови кога рече: ’Јован крштеваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.‘
1715,8-9; Рим 9,24Ако Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“
1813,46; 14,27; Рим 15,7-13Откако го ислушаа тоа, тие се успокоија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
Црквата во Антиохија19 8,1.4 А оние, што се беа распрснале поради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците.
2013,1А имаше некои луѓе од нив – Кипрани и Киринејци, коишто, доаѓајќи во Антиохија, им проповедаа на Евреите што зборуваат грчки, благовестејќи Го Господ Исус.
214,4; 6,7; 16,5И Господовата рака беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ.
2211,1Веста за тоа дојде до ушите на црквата во Ерусалим. И тогаш го испратија Варнава да оди дури до Антиохија.
2313,43; 14,22А кога тој пристигна и ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бодреше сите да останат во Господ со непоколебливо срце.
242,47; 5,14Тој беше добар човек и исполнет со Светиот Дух и со вера. И значително мноштво луѓе се присоедини кон Господ.
25Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле.
269,27-30И кога го најде, го доведе во Антиохија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за првпат учениците ги нарекоа христијани.
27А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци.
2821,10-14И еден од нив, по име Агав, стана и претскажа преку Духот дека по целиот свет ќе настане голем глад, како што и се случи во времето на цезарот Клавдиј.
29Рим 15,26.31; 2 Кор 9,1-13Тогаш учениците решија да испратат, секој според своите можности, помош на браќата што живееја во Јудеја.
30Тоа го направија, така што го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савле.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.