Евреите 10 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Силата на жртвата Христова

1 7,19; 8,5; 3 Мојс 16,34; Кол 2,17 Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не нивниот вистински лик, никогаш не мо­же со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.

29,9.26Инаку, зар не би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не би имале веќе никакво сознание за гревовите.

33 Мојс 16,21Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,

47,18-19; 9,9.12-13; 10,1.11; Ис 1,11бидејќи јунешката и јарешката крв не може да ги отпушти гревовите.

5Пс 39,6-8Затоа, влегувајќи во светот, Христос вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви.

6Сепаленици и жртви за гревот не Ти се угодни.“

7Мт 26,39Тогаш реков: „Ете, доаѓам – напишано е за Мене во поглавјето на книгата – да ја извршам, Боже, Твојата волја.“

8Пс 39,6Кога погоре рече: „Жртви и принос и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“,

97,18-19; Пс 39,7-8а потоа рече: „Ете, доаѓам, Боже, да ја извршам Твојата волја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто.

102,11; 7,27; 9,14.28; 10,12.14; 13,12; Јн 17,19; Ефес 5,2.26; 1 Сол 4,3Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.

112 Мојс 29,38И секој свештеник стои секој ден, служејќи и многупати принесувајќи ги истите жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите;

121,13а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога,

13и оттогаш чека сѐ додека Неговите непријатели не бидат поло­же­ни како подножје на Неговите нозе.

147,25; 10,10Зашто преку еден принос Тој осветените ги направи засекогаш совр­шени.

153,7И Светиот Дух ни посведочи, заш­то, откако порано рече:

168,10.12; Ер 31,33.34„Ова е заветот што ќе им го ветам по оние денови, вели Господ: Моите закони ќе ги ставам во нивните срца, и во нивните мисли ќе ги напишам.“ Тој додава:

17„И за нивните гревови и беззаконија нема веќе да си спомнувам.“

18А каде има простување за нив, таму веќе нема принос за грев.

Да Му пристапиме на Бога

19 4,16; 9,8.12.25; Ефес 3,12 И така, браќа, штом имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус,

206,19-20; Јн 14,6по нов и жив пат, што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,

213,6; 4,14и бидејќи имаме велик Свештеник над Божјиот дом,

224,16; 6,11; 9,14; 2 Мојс 29,4; 3 Мојс 16,4; Ез 36,25; Дела 22,16; Ефес 5,26; 1 Тим 3,9 да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очис­тиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.

234,14И цврсто да го држиме исповеданието на нашата надеж, зашто верен е Оној што го даде ветувањето.

24Тит 2,14И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела,

253,13; 13,22; Дела 2,42; 1 Кор 3,13не изостанувајќи од нашите заеднички собири како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден со друг, и тоа толку повеќе, колку што гледате дека се приближува Денот.

266,4-8; 4 Мојс 15,30; 2 Птр 2,20-21Зашто, ако своеволно продолжуваме да грешиме откако ја познавме вистината, тогаш нема веќе жртва за гревови,

279,27; Ис 26,11; Соф 1,18; 2 Сол 1,6-8туку страшно очекување на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците.

285 Мојс 17,6Ако оној што го прекршил Мој­се­евиот Закон, доколку има двајца или тројца сведоци, безмилосно се казнува со смрт,

292,3; 6,4.6; 9,20; 12,25; 13,20; 2 Мојс 24,8; Мт 7,6; 26,28; 1 Кор 6,11; 11,27; Ефес 4,30тогаш, колку потешка казна, мислите, дека ќе заслужи оној што Го пога­зил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот, преку која е осветен, и Го навредил Духот на благодатта?

305 Мојс 32,35.36; Пс 134,14; Рим 12,19Зашто ние Го знаеме Оној што ре­кол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе наплатам“, вели Господ. И уште: „Господ ќе му суди на Својот народ.“

31Мт 10,28; 2 Кор 5,11Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!

32Но помнете ги вашите пора­нешни денови кога, откако се просветивте, претрпевте голема борба во стра­дањата,

331 Кор 4,9; Фил 4,14било затоа што бевте јавно изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои така стра­даа.

3411,16; 13,3; 1 Птр 1,4-5Зашто вие и на моите окови се сожа­лив­те и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот за себеси.

354,16; 11,6И така, не напуштајте ја вашата смелост; таа ви носи голема награда.

366,12.15; Лк 8,15; 21,19Вам ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните Бож­јата волја, да го добиете ветеното;

37Ис 26,20; Авак 2,3; Откр 22,20зашто уште малку, сосем малку, и „Оној што доаѓа, ќе дојде и нема да задоцни.

38Авак 2,4; Рим 1,17; Гал 3,11А праведниот ќе живее преку верата; но ако отстапи нема да ѝ е мил на Мојата душа.“

391 Птр 1,9Ние, пак, не сме од оние што от­ста­пуваат и гинат, туку од оние што веруваат за спасение на душата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help