1 Дела 17,15 Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде добро во Атина да останеме сами,
2Дела 16,1-3; 17,14-16; 1 Кор 3,9; Кол 1,1и го испративме Тимотеј, нашиот брат и Божји служител, и наш сотрудник во Христовото благовестие, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,
3Мк 13,3-17; Дела 14,22; Ефес 3,13; 2 Тим 3,12та никој да не се поколеба во тие маки; зашто сами знаете дека затоа сме определени.
4Гал 4,11; Фил 2,16
Мт 16,24; Дела 14,22; Евр 10,32.36Бидејќи и кога бевме кај вас ви претскажувавме дека ни претстои страдање и, како што знаете, така и беше.5Мт 4,3Затоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за вашата вера, да не ве искушал некако искушувачот, та нашиот труд да биде залуден.
6Дела 18,5; 2 Сол 1,3Но сега, откако Тимотеј ни се врати откај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и за тоа дека секогаш нѐ памтите по добро, копнеејќи да нѐ видите, како и ние вас,
72 Сол 1,3-4; Откр 2,9-10ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, преку вашата вера;
82 Сол 2,15зашто ние сега живееме, ако вие стоите цврсто во Господ.
9Каква благодарност можеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,
10Фил 1,25кога деноноќно најусрдно се молиме да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера?
11А Самиот наш Бог и Отец, и нашиот Господ Исус Христос, нека ни го насочи патот кон вас!
125,15; Фил 1,9; 2 Сол 1,3; Тит 3,2Вам, пак, Господ да ви даде да растете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, како што и ние изобилуваме со љубов кон вас,
135,23; 5 Мојс 33,3; Зах 14,5; Дан 7,25.27; Мт 25,31; 1 Кор 1,8; Фил 1,10; Откр 14,10и да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред нашиот Бог и Отец при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.