Откровение 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Јагнето ја зема книгата со седум печати

1 4,2; Ис 29,11; Ез 2,9; Дан 12,4.9 И видов во десницата на Оној што седеше на престолот, книга напи­ша­на одвнатре и однадвор, запечатена со седум печати.

2И видов силен ангел што објавуваше со силен глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините печати?“

3Фил 2,10И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.

4И јас многу плачев што никој не се најде достоен да ја отвори книгата, ниту да ја гледа.

522,16; 1 Мојс 49,9; Ис 11,1.10; Лк 7,13-15; Јн 16,33; Рим 15,12; Евр 7,14И еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Давидовиот корен, победи за да ја отвори книгата и нејзините седум печати!“

61,4; 4,5; 13,8; Ис 53,7; Зах 4,10; Јн 1,29И, ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините, видов, стоеше Јагне, како заклано, кое имаше се­дум­ рога и седум очи, коишто се седумте духови Божји, пратени по целата земја.

74,2Тој дојде и ја зеде книгата од Оној што седеше на престолот.

88,3; Пс 140,2И кога ја зеде книгата, четирите суштества и дваесет и четирите старешини паднаа ничкум пред Јагнето, држејќи секој од нив лира и златни чаши, полни со темјан, коишто се молитвите на светиите;

9Ис 42,10; Пс 32,3; 95,1; 97,1и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто беше заклан и со Својата крв, нас, од секој род, јазик, народ и племе нѐ искупи за Бога од секој род, јазик, народ и племе,

101,6; 20,6; 2 Мојс 19,6; Ис 61,6и ги направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата!“

11Дан 7,10; Евр 12,22И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, околу суштествата и старешините, а бројот им беше десетици илјади по десет илјади и илјадници илјади,

125,6; 13,8; Фил 2,7-9што велеа со силен глас: „Достојно е закланото Јагне да ги прими силата и богатството и мудроста и моќта и честа и славата и благословот!“

134,2; 5,3; Фил 2,10И чув како секое создание на небото и на земјата, под земјата и во морето, и сѐ што е во нив, зборува: „На Оној што седи на престолот, и на Јаг­не­то – благослов и чест, слава и власт во вечни векови!“

14А четирите суштества велеа: „Амин!“ И старе­ши­ните паднаа ничкум и Му се поклонија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help