Јован 21 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Воскреснатиот Исус им се јавува на седум Свои ученици

1 Мт 26,32; 28,7 Потоа Исус повторно им се покажа на Своите ученици кај Тиве­ри­јад­ското Море. А тоа се случи вака:

21,45; 11,16; Лк 5,10беа заедно Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Зеведеевите синови и двајца други од Неговите ученици.

3Лк 5,5Симон Петар им рече: „Одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија.

420,14; Лк 24,16А кога се раздени, Исус застана на брегот, но, сепак, учениците не Го познаа дека е Исус.

5Лк 24,41Тогаш Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“

6Лк 5,4-7А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Тие ја фрлија, и веќе не можеа да ја из­влечат од многуте риби.

713,23; 19,26; 20,2; 21,20; Мт 14,29Ученикот, пак, кого Исус го љубеше, му рече на Петар: „Господ е!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката – зашто бе­ше разголен, и се фрли во морето.

8А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со коработ, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти.

9Мт 4,4; Лк 24,41-43Кога, пак, излегоа на брегот, видоа запален оган, и на него ставена риба, и леб.

10Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“

112 Лет 2,16; Лк 5,6А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со големи ри­би – сто педесет и три на број; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина.

124,27Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И ниту еден од учениците не се осмелуваше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ.

136,11; Мт 14,19; 15,36; Мк 6,41; 8,6; Лк 9,16Тогаш Исус пријде, го зеде лебот и им го даде, исто така и рибата.

1420,19.26Ова беше веќе третпат како Исус им се покажа на Своите ученици, откако воскресна од мртвите.

Разговор меѓу Исус и Петар

15 1,42; 10,1-16; Мт 16,17; Лк 7,42-43; 1 Кор 15,5 А кога завршија со јадењето, Исус му рече на Симон Петар: „Симоне Јо­нин, Ме љубиш ли повеќе отколку овие?“ Петар Му рече: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги Моите јагниња!“

16Мт 2,6; Лк 22,32; Дела 20,28; 1 Птр 5,2; Откр 7,17Го праша уште еднаш, по вторпат: „Симоне Јонин, Ме љубиш ли?“ Петар Му кажа: „Да, Господи, Ти знаеш дека Те љубам!“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!“

1713,37-38; 18,17.25-27; 2 Цар 5,2; Пс 77,71-72И по третпат му рече: „Симоне Јо­нин, Ме љубиш ли?“ Петар се нажали дека по третпат го праша: „Ме љубиш ли?“ И Му рече: „Господи, Ти сѐ знаеш; Ти знаеш дека Те љубам.“ Исус му рече: „Паси ги Моите овци!

18Мт 16,22; 26,39; Дела 21,11.14; 2 Птр 1,14Вистина, вистина ти велам: кога бе­ше помлад, сам се препашуваше и оде­ше каде што сакаше; кога ќе остариш, ќе ги рашириш своите раце, и друг ќе те препаша и поведе каде што несакаш.“

1912,33; 18,32; Мк 1,17; 1 Птр 4,16А ова го рече за да покаже со каква смрт ќе Го прослави Бога. И штом го кажа тоа, му рече: „Врви по Мене!“

Омилениот ученик и сведоштвото кое останува

20 13,23.25; 19,26; 20,2 А Петар, обѕрнувајќи се, виде дека по нив оди ученикот кого Исус го љубеше и кој на вечерата се беше на­ва­лил на Неговите гради и беше прашал: „Господи, кој е оној што ќе Те предаде?“

21И откако Петар го виде него, Му рече на Исус: „Господи, а што ќе биде со овој?“

22Мт 16,28; 1 Кор 11,26; Јк 5,7; Откр 2,25; 22,7.12.17.20Исус му рече: „Ако сакам тој да ос­тане додека да дојдам, што те засега тебе? Ти врви по Мене!“

2314,3; 3 Јн 1,5И се пренесе овој збор меѓу браќата дека тој ученик нема да умре. Но Исус не му рече дека нема да умре, туку: „Ако сакам тој да остане додека дојдам, што те засега тебе?“

2415,27; 19,35Тој е ученикот што сведочи за овие нешта и што го напиша ова; и знаеме дека вистинско е неговото сведоштво.

2520,30А има и многу други работи што ги направи Исус и коишто, кога би се напишале по ред, ми се чини дека ни целиот свет не би ги собрал напишаните книги. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help