1 1 Мојс 37,9; Пс 103,2; Песна 6,10 И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонцето; под нејзините нозе беше месечината, а на нејзината глава – венец од дванаесет ѕвезди.
2Ис 66,7-8; Мих 4,10Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди.
3Дан 7,7И се покажа друг знак на небото, и ете, голем огненоцрвен змеј со седум глави и десет рогови, а на неговите глави имаше седум круни;
4Дан 8,10неговата опашка повлече една третина од небесните ѕвезди и ги фрли на земјата. Змејот застана пред жената што требаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде нејзиното дете.
52,27; 19,15; Пс 2,9И роди машко дете, син што ќе ги води сите народи со железен жезол; и детето ѝ беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол.
611,2; 12,14А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.
7Дан 10,13; 12,1; Јуда 1,9И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели започнаа војна против змејот, а и змејот и неговите ангели завојуваа,
8но не издржаа, и не им се најде веќе место на небото.
920,2; Лк 10,18; Јн 12,31И беше исфрлен змејот – старата голема змија, наречена ѓавол и сатана, што ја заведува целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него беа соборени и неговите ангели.
1011,15; Јов 1,9-11; 2,4-5И чув силен глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е исфрлен клеветникот на нашите браќа, кој дење и ноќе ги клеветеше пред нашиот Бог.
111 Јн 2,14Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за својот живот дури до самата смрт.
1218,20; Ис 44,23; 49,13; Пс 95,11Затоа веселете се, небеса, и вие што живеете на нив! Но, тешко вам, земјо и море, зашто ѓаволот слезе кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“
13А кога змејот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете.
142 Мојс 19,4; 5 Мојс 32,11; Ис 40,31; Дан 7,25; 12,7И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, за таму да се храни време и времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
15И змијата испушти од својата уста вода како река по жената, та реката да ја однесе.
16Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата својата уста и ја проголта реката што ја беше испуштил змејот од својата уста.
1711,7; 13,7; Дан 7,7.21И се разгневи змејот на жената, и отиде да војува со останатите од нејзиното потомство што ги пазат Божјите заповеди и го чуваат сведоштвото на Исус.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.