Откровение 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Порака до црквата во Сард

1 1,4.16; 4,5; 5,6 И на ангелот на црквата во Сард напиши му: вака вели Оној што ги има седумте духови Божји и седумте ѕвезди: ги знам твоите дела; по име си жив, а мртов си.

2Биди буден и утврдувај ги останатите што се на умирање; бидејќи твоите дела не ги најдов завршени пред Мојот Бог.

316,15; Лк 12,39-40; 1 Сол 5,2; 2 Птр 3,10Затоа сети се за она што си го примил и чул, и пази го, и покај се. Зашто ако не бидеш буден, ќе дојдам над тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам над тебе.

4Дан 7,9; Мт 17,2; 28,3; Јуда 1,23Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија своите облеки. Тие ќе одат со Мене во бели облеки, би­дејќи се достојни.

520,12.15; 21,27; 2 Мојс 32,32-33; Пс 68,28; Дан 12,1; Мт 10,32; Лк 10,20; 12,8; Фил 4,3Оној што победува ќе биде облечен во бе­ла облека, и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, туку ќе го признаам неговото име пред Мојот Отец и пред Неговите ангели.

6Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.

Порака до црквата во Филаделфија

7 Ис 22,22; 1 Јн 5,20 И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има Давидовиот клуч, Кој отвора, и никој нема да затвори, – и Кој затвора, и никој нема да отвори:

82,2; Јн 8,51-55; 14,23; 1 Кор 16,9; 1 Јн 2,5ги знам твоите дела. Ете, пред тебе поставив отворена врата, што никој не може да ја затвори; зашто малку сила имаш, а го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име.

92,9; Ис 43,4; 45,14; 49,23; 60,14Ете, ти давам некои од собранието на сатаната, што себеси се нарекуваат Ју­дејци, а не се, туку лажат; ете, ќе направам да дојдат и да се поклонат пред твоите нозе и да познаат дека Јас те возљубив.

10Лк 21,19; 2 Тим 2,12; Евр 10,36; 2 Птр 2,9Бидејќи ти го запази Моето слово за тр­пението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.

1122,7.12.20Доаѓам скоро: држи го тоа што го имаш, за никој да не го земе твојот венец.

1221,2; 22,4; Ис 62,2; Ез 48,35; Гал 2,9; 1 Тим 3,15Оној што победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и веќе нема да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Еру­са­лим, што слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.

13Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.

Порака до црквата во Лаодикија

14 1,5; Изреки 8,22; Јн 1,3; Кол 1,15; Евр 1,2 И на ангелот на црк­вата во Лаодикија напиши му: вака вели Амин, Вер­ниот и Вистинит Сведок, Почетокот на Божјото создание:

15ги знам твоите дела: ти не си ни студен, ни жежок; ех, да беше студен или жежок!

16Така, бидејќи си млак, а не жежок или студен, ќе те изблујам од Својата уста!

17Ос 12,8Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и несреќен, сиромав, слеп и гол;

183,5; 16,15; Ис 55,1ти советувам да си купиш од Мене злато низ оган прочистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на твојата голотија, и очна маст за да ги намачкаш твоите очи, за да гледаш.

19Изреки 3,12; 1 Кор 11,32; Евр 12,6Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. Затоа биди ревносен и покај се.

20Лк 22,29-30; Јн 14,23Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

214,2; 20,4; Мт 19,28; Лк 22,30На оној што победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Својот Отец на Неговиот престол.

22Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help