1 1 Тим 4,1 Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња.
2Рим 1,29-31Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, фалбаџиии, надмени, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, нечестиви,
3нечувствителни, непомирливи, клеветници, невоздржливи, жестоки, недоброљубиви,
4предавници, безобѕирни, вообразени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви,
5Мт 7,15.21; 24,4.24; Кол 2,23; Тит 1,16наизглед благочестиви, а од силата на благочестието се одрекле. Одбегнувај ги таквите!
6Дела 17,21; Тит 1,11Зашто од нив се и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат слаби женички, претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7Јн 8,32; 1 Тим 2,4жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.
81 Тим 6,5Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неподобни за верата.
9Но веќе нема да напредуваат, зашто нивното безумие ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
101 Кор 13,13Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата, долготрпеливоста, љубовта, истрајноста,
11Дела 13,50; 14,5.19прогоните и страдањата што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра. Какви сѐ прогони претрпев; и Господ ме избави од сите нив.
12Јн 15,20; Дела 14,22; 1 Сол 3,4И сите, што сакаат да живеат благочестиво во Христос Исус, ќе бидат гонети.
13А злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во лошото, заблудувајќи и други и себеси.
141,5; 2,2Но ти остани во тоа што си го научил и во кое си уверен, зашто знаеш од кого си го научил,
15Јн 5,39бидејќи уште од малечок ги познаваш свештените Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата која е во Христос Исус.
16Рим 15,4; 1 Кор 10,6; 2 Птр 1,21Целото Писмо е боговдахновено и полезно за поука, за разобличување, за поправање и за поучување во праведноста,
172,21та Божјиот човек да биде усовршен и целосно подготвен за секое добро дело.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.