Евреите 7 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Свештеникот Мелхиседек

1 1 Мојс 14,17-20 Зашто овој Мелхиседек, цар салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога овој се враќаше од победата над царевите, и го благослови,

2и кому Авраам му даде десеток од сѐ, – тој по значењето на неговото име е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.

34,14; 7,16; Јн 7,27Без татко, без мајка, без родословие, немајќи ниту почеток на деновите, ниту крај на жи­вотот и како подобен на Синот Божји, тој останува свеш­теник засекогаш.

41 Мојс 14,20Видете колку е велик оној кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

54 Мојс 18,21Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед по Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие произлегле од Авраамовите бедра.

6Рим 4,13Но тој, кој не му припаѓаше на нивниот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.

7А неоспорно е дека помалиот се благословува од поголе­ми­от.

8Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има све­доштво дека е жив.

9И, така да речам, Левиј, кој прима десеток, и сам даде десеток преку Авраам,

101 Мојс 14,17бидејќи уште беше во бедрата на својот татко кога Мелхиседек го сретна.

118,6-7; 10,1; Пс 109,4Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свеш­тенство, бидејќи врз основа на него на­ро­дот доби Закон, тогаш зошто беше потребно да се воздигне друг свештеник, по чинот Мелхиседеков, и да не се нарекува по чинот Аронов?

12Зашто, ако се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се измени и Законот.

13А Оној за Кого се зборува ова, му припаѓа на друго племе, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;

141 Мојс 49,10; Ис 11,1; Мт 1,3; Откр 5,5зашто е познато дека нашиот Господ произлезе од Јуда, а за свештенството од ова племе Мојсеј ништо не рекол.

Друг свештеник како Мелхиседек

15Тоа станува уште појасно кога се воздига друг свештеник, сличен на Мелхиседек,

16Кој станал таков не по силата на те­лесната заповед, туку по силата на неуништливиот живот.

175,6; Пс 109,4Бидејќи е посведочено: „Ти си свештеник довека, по чинот Мелхиседеков.“

1810,9; 13,9; Рим 8,3А поранешната заповед се укинува поради нејзината слабост и бесполезност,

194,16; 6,18; 9,9; 10,1-2.4.11; Рим 3,20; 7,7-8; Гал 3,21; Јк 4,8зашто Законот ништо не доведе до совршенство, па се воведува подобра на­деж, преку која се приближуваме до Бога.

20Тоа беше потврдено со заклетва. Зашто оние беа станале свештеници без заклетва,

21Пс 109,4 а Тој – со заклетва, преку Оној што Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ’Ти си свештеник довека, по чинот Мелхиседеков.‘“

228,6-10; 9,15-20; 10,29; 12,24; 13,20; Лк 22,20; 2 Кор 3,6Затоа Исус стана залог на толку подобар завет.

23А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;

245,6; 13,8; Лк 1,33а Тој, бидејќи живее довека, има свештенство што не изминува.

2510,14; Јн 14,6; Рим 8,34; 1 Јн 2,1; Откр 1,18Затоа Тој и може совршено да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се застапува за нив.

264,14; 2 Кор 5,21Таков Првосвештеник и ни тре­ба­ше: свет, незлобив, неосквернет, од­во­ен од грешните и Кој стана повозвишен од небесата.

275,3; 9,12; 10,10; 2 Мојс 29,38-39; 3 Мојс 16,6.15Кој нема потреба, како другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, принесувајќи се Самиот Себеси.

285,1-2.9Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а сло­вото на заклетвата што е по Законот, го поставува Синот, Кој е совршен довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help