Лука 15 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исус и грешниците

1 Мт 5,46; 9,10; Мк 2,15 Сите даночници и грешници се приближуваа кон Него за да Го слушаат.

25,30; 7,34А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“

Парабола за загубената овца(Мт 18,12-14)

3Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече:

412,32; 19,10; Ер 23,1-4; Ез 34,11.16; Мих 4,6-7„Кој од вас, ако има сто овци и ако загуби една од нив, нема да ги ос­тави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара за­гу­бената, сѐ додека не ја најде?

5И откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;

6и кога ќе дојде дома, ќе ги повика пријателите и соседите, и ќе им рече: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата за­гу­бена овца!‘

71,14; 15,10; Јк 5,20Ви велам дека исто така и на небото ќе биде поголема радоста за еден грешник што се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.

Парабола за загубената драхма

8Или која жена, ако има десет драхми и ако загуби една драхма, нема да запали светило, и да ја измете куќата и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде?

9А штом ќе ја најде, ќе ги повика прија­телките и сосетките, велејќи: ’Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘

10Таква радост, ви велам, има и пред Божјите ангели за еден грешник што се кае.“

Парабола за загубениот син

11 Мт 21,28 И рече: „Еден човек имаше два си­на.

125 Мојс 21,16-17Помладиот од нив му рече на својот татко: ’Татко, дај ми го делот од имотот што ми при­паѓа!‘ И тој им го раз­де­ли имотот.

13Изреки 29,3По неколку дена помладиот син собра сѐ и замина во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи распуштено.

14И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во оскудност;

155 Мојс 14,8па се прибра кај еден жител на таа земја и тој го прати во своите полиња да пасе свињи.

16И страден беше да го наполни својот стомак макар и со мешунки што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.

17А кога дојде на себеси, рече: ’Колку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас умирам од глад.

18Пс 50,5Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред тебе,

19Ис 55,7 и веќе не сум достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од тво­ите наемници.‘

201 Мојс 29,13; 2 Цар 14,33; Ис 49,15; Ер 3,12; 31,20; Тов 11,9-11Па стана и отиде кај својот татко. А додека уште беше далеку, неговиот татко го здогледа и се сожали на него, па потрча, го прегрна околу вратот и го целива.

21И синот му рече: ’Татко, згрешив против небото и пред тебе, и веќе не сум достоен да се наречам твој син!‘

221 Мојс 41,42; Зах 3,4Но, таткото им рече на своите слуги: ’Изнесете ја најубавата облека и облечете го, и ставете му прстен на раката и обувки на нозете;

23па доведете го згоеното теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме,

24Ефес 2,1.5; 5,14; 1 Тим 5,6зашто овој мој син беше мртов и оживеа, беше изгубен и се најде.‘ И поч­наа да се веселат.

25А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и игри.

26Тогаш повика еден од слугите и го праша: ’Што е ова?‘

27А тој му рече: ’Брат ти си дојде и татко ти го закла згоеното теле, затоа што повторно здрав го доби.‘

28Тој се разгневи и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.

29А тој му одговори на својот татко и му рече: ’Ете, ти служам толку години и никогаш не сум прекршил твоја за­по­вед; и мене никогаш не си ми дал ниту јаре за да се развеселам со моите пријатели;

30Изреки 29,3а штом си дојде овој твој син, што ти го упропасти имотот со блудници, за него го закла згоеното теле.‘

31А тој му рече: ’Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое;

32но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживеа, беше изгубен и се нај­де.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help