Римјаните 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Примерот на Авраам

1 Ис 51,1-2 Тогаш што ќе речеме за нашиот татко Авраам, што открил според телото?

22,17Зашто ако Авраам се оправдал со дела, тој заслужува пофалба, но не пред Бога.

34,9; 1 Мојс 15,6; Гал 3,6-9; Јк 2,20-24Впрочем, што вели Писмото? – „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.“

411,6; Мт 20,1-16; Лк 17,7-10На оној што работи, платата му се смета не како милостина, туку како должна отплата.

5Гал 2,16А на оној што не работи, а верува во Оној Кој го оправдува без­божникот, верата му се смета за праведност.

6Така и Давид го нарекува блажен човекот кому Бог му ја вбројува пра­ведноста, независно од делата, велејќи:

7Пс 31,1-2„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени;

8блажен е човекот кому Господ не му го смета гревот!“

91 Мојс 15,6А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезани­те? Бидејќи велиме дека на Авраам ве­ра­та му се сметаше за праведност.

10А кога му се сметаше? По обрезание­то или пред обрезанието? Не по обре­за­нието, туку пред обрезанието.

111 Мојс 17,9-14; Гал 3,7-9И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведноста што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за самиот да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се вброи во праведност,

12и да им биде татко на обрезаните кои не се само обрезани, туку и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, која тој ја имаше пред обрезанието.

Божјото ветување се остварува преку верата

13 1 Мојс 18,18; 22,15-18; Гал 3,15-16 Бидејќи ветувањето кон Авраам или кон неговото потомство, дека ќе биде наследник на светот, не беше дадено преку Законот, туку преку праведноста која доаѓа од верата.

14Гал 3,18Зашто ако само оние што го имаат Законот се наследници, то­гаш верата е безначајна и ветувањето е поништено;

153,20; 7,7-13; Гал 3,10.19-22зашто Законот раѓа гнев; а каде нема Закон, нема ни престап.

16Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, та ветувањето да биде сигурно за целото потомство, не само на она што доаѓа од Законот, туку и на она што е од верата на Авраам, кој ни е татко на сите нас,

171 Мојс 17,5; 5 Мојс 32,39; Јн 15,21; Евр 11,19како што е напишано: „Те поставив да бидеш татко на многу народи“ – пред Бога, Кому тој Му поверува, Кој ги оживува мртвите и Кој она што не постои го повикува во постоење.

181 Мојс 15,5; 17,5Авраам, без да има основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според ре­че­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“

191 Мојс 17,17И не ослабнувајќи во верата, тој не ни помисли дека неговото тело е веќе умртвено, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата на Сара е веќе замрена;

20и во Божјото ветување не се посомнева со неверие, туку се зацврсти во верата, оддавајќи Му слава на Бога,

21Ер 32,17-24; Лк 1,37наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил.

224,3; 1 Мојс 15,6Затоа тоа му се засмета за праведност.

2310,9; 15,4Но, не само за него е напишано де­ка му е вброено,

24туку и за нас: ќе ни се вброи, ако веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите Исус, нашиот Господ,

258,32; Ис 53,4-6; 1 Кор 15,17Кој беше предаден за нашите прегрешенија и беше вос­креснат за наше оправдание.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help