2 Коринтјаните 10 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Павле го брани своето апостолство

1 10,11; Мт 11,29; 1 Кор 2,3; 1 Кор 4,21; Фил 2,1 Јас, Павле, истиот кој кога сум присутен меѓу вас сум понизен, а во отсуство сум одважен кон вас – заради Христовата кроткост и благодарност ве преколнувам и

21 Кор 4,21ве молам, кога ќе бидам кај вас, да не бидам предизвикан одважно да истапам, како што мислам да истапам кон некои, што за нас сметаат дека живееме по телото.

3Рим 13,12Зашто, иако живееме во тело, ние не војуваме според телото.

46,7; Рим 13,12; Ефес 6,11Оружјето на нашето војување не е телесно, но, со Божја помош, е силно за рушење на тврдини.

52,9; 7,15; Ис 2,11-18; 7,15; Рим 1,5Со него ние уништуваме мудрувања и секаква горделивост што се крева против познанието за Бога, и ја заробуваме секоја мисла за да Му биде послушна на Христос;

6и кога ќе се исполни вашата послушност, спремни сме да казниме секаква непослушност.

711,23; 1 Кор 1,12На надворешноста ли гледате? Ако некој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли повторно, та да увиди дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови.

811,16; 12,6; 13,10; Ер 1,10Зашто, дури и да се пофалам малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за ваше изградување, а не за разорување, нема да се посрамам.

9Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам.

1010,1; 11,6Бидејќи посланијата, ќе рече некој, навистина му се значајни и силни, но неговата телесна појава – неубедлива; а проповедта безвредна.

1110,2; 12,20; 13,2.10Таквиот нека го разбере ова: какви што сме во словото на посланијата кога сме отсустни, такви сме и на дело кога присуствуваме.

123,1; 5,12; Гал 6,4Зашто не се осмелуваме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не раз­бираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.

13Рим 15,19; Кол 1,25Ние, пак, нема да се фалиме прекумерно, туку според определената мерка којашто Бог ни ја одредил – мерката којашто доп­ира сѐ до вас.

14Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, туку дури и до вас допревме со благовестието Христово.

15Рим 15,20Не се фалиме прекумерно со туѓиот труд, но се надеваме дека со растењето на вашата вера и ние, според на­шата мера, изобилно ќе пораснеме меѓу вас,

16за да го проповедаме благовестието и подалеку од вас, а не да се фалиме со сработеното во туѓа област.

17Ер 9,24; 1 Кор 1,31„Кој се фали, нека се фа­ли во Господа!“

18Зашто, не е признаен оној што са­миот себе се препорачува, туку оној ко­го што Господ го препорачува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help