1И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата имаше виножито, а неговото лице беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;
2Ез 2,8–3,3во раката тој држеше отворена книга; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата;
3Ер 25,30; Ос 11,10; Амос 1,2; 3,8и извика со силен глас, како што рика лав; а кога извика, седумте громови проговорија со своите гласови.
422,10; Дан 8,26; 12,4.9И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но, чув глас од небото, кој ми велеше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пишуваш!“
55 Мојс 32,40; Дан 12,7И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, ја крена својата рака кон небото
61 Мојс 14,19.22; 2 Мојс 20,11; Неем 9,6; Дела 4,24и се заколна во Оној што живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него, дека не ќе има веќе време,
711,18; Амос 3,7; Зах 1,6; Дан 9,6.10; 1 Кор 2,7; Кол 1,26-27но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што Тој им благовестеше на Своите слуги – пророците.
8И гласот што го бев чул од небото, одново ми прозборе и рече: „Оди, земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата!“
9Ез 2,8; 3,1-3Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми одговори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“
10Ја зедов книгата од рацете на ангелот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот.
11Ер 1,10; 25,30; Дан 3,4И ми рече: „Треба повторно да пророкуваш меѓу мноштво народи, племиња, јазици и цареви.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.