1 Јован 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Божји чеда

1 Јн 1,12; 16,3; 17,25; Рим 8,16; 1 Кор 1,21; Гал 4,4-5; Ефес 1,5 Видете каква љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји! Затоа светот не ве знае, зашто не Го спозна Него.

22,8; Јн 17,24; Рим 8,29; Фил 3,21; Кол 3,4; Откр 22,4Возљубени, сега сме чеда Божји! Но сѐ уште не е откриено што ќе бидеме. Зна­еме само дека, кога ќе се открие, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.

32,6; 2 Кор 7,1И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува себеси, како што е чист Тој.

4Секој што прави грев, прави и беззаконие; зашто гревот е беззаконие.

5Ис 53,4.5.9; Јн 1,29; 8,46; 9,16.24.31; Евр 7,26; 9,26; 1 Птр 2,22-24А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него нема.

6Мт 7,18; Рим 6,14.17-18Секој што престојува во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал.

72,29; 3,10Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој.

83,12; 1 Мојс 3,15; Мк 1,24; Јн 8,34.44; 12,31Оној што прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од искони. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне ѓаволските дела.

93,6Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто Неговото семе престојува во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога.

102,29; 3,23 Божјите чеда и ѓаволските чеда по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби својот брат, не е од Бога.

Да се љубиме еден со друг

11 2,7; 3,23; Јн 13,34 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се љубиме еден со друг.

121 Мојс 4,8; Јн 8,44; Евр 11,4Но не како Каин, кој беше од лу­ка­виот и го уби својот брат. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а оние на неговиот брат – праведни.

13Мт 24,9; Лк 6,22; Јн 15,18-21Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази.

14Јн 5,24Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме бра­ќата; оној што не го љуби својот брат, тој останува во смртта.

15Мт 5,21-22; Јн 8,44Секој што го мрази својот брат, е човекоубиец; а знаете дека ниеден човекоубиец нема вечен живот во себе.

164,16; Мт 20,28; Јн 15,13Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас Својата душа; но и ние сме должни да ги полагаме своите души за браќата.

175 Мојс 15,7.11; Лк 10,33; Јк 2,15-16Но оној што има световно богатство и забележи дека неговиот брат има потреба од нешто, та го затвори своето срце за него – тогаш како Божјата љубов ќе остане во него?

18Мт 7,21; Гал 5,6; Јк 1,22; 2,14-17Чеда мои, да не се љубиме на збо­р, ниту на јазик, туку на дело и во вистина!

Увереност пред Бог

19 Изреки 10,12; Евр 4,16; 1 Птр 4,8 И по тоа ќе знаеме дека сме од вис­тината, та ќе ги успокоиме своите срца пред Него;

204,4; 3 Цар 8,39; Пс 7,9; Лк 18,13; Дела 15,8 зашто ако нашето срце нѐ обвини, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.

215,14; Евр 4,16Возљубени, ако нашето срце не нѐ обвинува, тогаш ние имаме смелост пред Бога,

22Ер 29,12-13; Мт 7,7-8; Јн 8,29; 15,7и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите за­по­веди и го правиме тоа што е благоугодно пред Него.

234,21; Јн 6,29; 13,34; 15,12; Рим 10,14; 1 Сол 4,9; 1 Птр 1,22А Неговата заповед е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.

242,24; 4,13; Јн 14,23; Рим 8,9И оној што ги чува Неговите заповеди, престојува во Него, и Тој – во него. А по ова знаеме дека Тој престојува во нас: по Ду­хот што ни Го дал.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help