1Преминаа на другата страна на морето, во Гадаринската земја.
2 ми е името, зашто сме многумина.“
10И многу Го молеа да не ги брка од таа земја.
11А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи.
12И сите демони Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“
13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурна стадото низ стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14А оние што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по селата. И излегоа луѓето да видат што станало.
15Лк 8,35И дојдоа кај Исус и го видоа опседнатиот од демони во кого имаше легија, како седи облечен и со здрав ум; и се уплашија.
16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со демоноопседнатиот и со свињите.
17Дела 16,39И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
183,14А кога се качи во коработ, оној, што претходно беше опседнат од демони, Го помоли да биде со Него.
191,34; 8,26; Пс 65,16; Лк 8,39Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“
20Мт 3,1; 4,25Тој отиде и почна да раскажува по Десетградието за она што Исус му го направи. И сите се чудеа.
Излекувањето на болна жена и оживувањето на Јаировата ќерка(Мт 9,18-26; Лк 8,40-56)21 2,13 А кога Исус повторно премина со коработ на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.
22И ете, дојде еден од старешините на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред Неговите нозе
23Мт 9,18; Лк 4,40; Дела 9,12.17; 28,8и усрдно Го молеше говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете на неа, за да оздрави и да живее!“
24И Исус појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.
253 Мојс 15,25Една жена, што боледуваше од крвотечение дванаесет години,
26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и без никаква полза, а ѝ станало дури уште полошо,
276,56; Мт 14,36; Дела 5,15
3 Мојс 15,27штом чу за Исус, дојде меѓу народот одзади и се допре до Неговата облека;28зашто си велеше: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе оздравам.“
29Дела 19,12И веднаш престана крвотечението и таа почувстува во своето тело дека е излекувана од болеста.
30Лк 5,17; 6,19А Исус веднаш почувствува во Себе дека од Него излезе сила, па се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до мојата облека?“
31Неговите ученици Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ’Кој се допре до Мене?‘“
32Но Тој гледаше наоколу, за да ја види онаа што го направи тоа.
33А жената, уплашена и растреперена, знаејќи што стана со неа, пријде, падна ничкум пред Него и Му ја кажа целата вистина.
3410,52; 1 Цар 1,17; 2 Цар 15,9; Лк 7,50; Јк 2,16А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си во мир и биди здрава од својата болест!“
35Јн 11,21.32Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај старешината на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; зошто уште Му додеваш на Учителот?“
36Но Исус, само што ги чу зборовите што ги кажаа, му рече на старешината на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“
379,2; 14,33; Мт 17,1И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков и на Јован, братот на Јаков.
38Дојде во куќата на старешината на синагогата и виде метеж, плачење и силно лелекање.
39Дела 20,10; 1 Кор 11,30; 15,6И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие!“
40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на детето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.
419,27; Дела 9,40И го фати детето за рака, па му рече: „Талита, куми!“ – што значи: „Девојче, тебе ти велам, стани!“
42И девојчето веднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите многу се вчудовидоа.
431,34; 7,36; 9,9; Мт 8,4; Лк 9,21 А Тој строго им заповеда никој да не разбере за тоа, и рече да ѝ дадат да јаде!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.