Откровение 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Отворено небо

1 1,10; 2 Мојс 19,20.24; Јн 1,51 Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и претходниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане по ова!“

24,9; 5,1.7.13; 6,16; 7,10.15; 19,4; 21,5; 3 Цар 22,19; Ис 6,1; Ез 1,26-27; 10,1; Пс 46,8; Дан 4,31; 12,7; 2 Лет 18,18; Сир 1,8И веднаш бев обземен од Духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот имаше виножито, кое прилегаше на смарагд.

4Ис 24,23Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели облеки, со златни венци на нивните глави.

51,4; 5,6; 8,5; 11,19; 16,18; 2 Мојс 19,16; Ез 1,13; Зах 4,2И од престолот излегуваа молњи, гласови и грмотевици, а пред престолот гореа седум огнени светила, коишто се седумте Божји духови;

62 Мојс 24,10; Ез 1,5-22пред престолот, пак, имаше нешто како стаклено море, слично на кристал; а среде престолот и околу престолот – четири живи суштества, однапред и одназад полни со очи:

7првото суштество прилегаше на лав, второто – на теле, третото суштество имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.

81,8; Ис 6,2-3; Ез 1,18; 10,12; Амос 3,13И секое од четирите суштества имаше по шест крилја, одоколу и одвнатре беа полни со очи, и немаа починка дење и ноќе, говорејќи: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој доаѓа!“

94,2А кога суштествата Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во вечни векови,

10дваесет и четирите старешини паѓаа ничкум пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во вечни векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи:

1114,7; Пс 112,2-7; Рим 4,17„Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и по Твојата волја сѐ постои и е создадено!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help