Колосјаните 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Дела 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2; Ефес 1,1-2 Павле, по Божја волја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,

2Дела 9,13; Рим 1,7до светите и верни браќа во Христос што се во Колоси: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Гос­под Исус Христос!

Благодарност кон Бога за благовестието

3 1,12; Рим 1,8-9; Ефес 1,15-16; 5,4.20; 1 Сол 1,2; Фил 1,4-5 Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,

4бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за вашата љубов кон сите светии,

51 Кор 13,13; Ефес 1,13поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле во вистинитото слово на благовестието,

6Мт 28,19-20; Мк 4,8; 13,10; Дела 14,3; 20,24.32; 1 Тим 3,16кое дојде до вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте, како и меѓу вас од денот кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;

74,12; Фил 1,23како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен Христов служител заради вас,

81 Кор 13,1и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.

Молитва за Црквата

9 3,10; Лк 12,47; Ефес 1,15-17; Фил 1,9 Затоа и ние, од денот кога го чув­ме тоа, непрестајно се молиме за вас и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање,

10Ефес 2,10; 4,1; Фил 1,27; 1 Сол 2,12та да постапувате достојно за Бога и да Му бидете угодни во сѐ, за да бидете плодоносни во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,

11Ефес 1,19; 3,16; 6,10укрепувани со секаква сила пре­ку моќта на Неговата слава, со секаква истрајност и долготрпение, со радост

125 Мојс 33,3-4; Ис.Н. 14,1-5; Мудр 5,5; Дела 20,32; 26,18; Рим 1,7; Ефес 1,11-13; 1 Птр 1,4; 2,9благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,

132 Мојс 14,30; Мт 3,17; Лк 22,53; Јн 8,12; Дела 26,17-18; Ефес 1,6; 2,2; 5,8нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син,

14Рим 3,24; Ефес 1,7во Кого имаме откуп и простување на гревовите.

Христовата возвишеност

15 1,18; 1 Мојс 1,26; Изреки 8,22-36; Мудр 7,26; Сир 1,4-9; Јн 1,1-18; 2 Кор 4,4; Фил 2,6-11; 1 Тим 3,16; Евр 1,3; Откр 3,14 Тој е образ на невидливиот Бог, првороден, пред секое создание;

162,8.10; Јн 1,3; Рим 8,38-39; 1 Кор 8,6; Ефес 1,21; 3,10; 6,12бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е создадено преку Него и за Него.

17Изреки 8,22-31; Јн 1,1; 3,31; 8,58Тој е пред сѐ, и сѐ се одржува во Него.

18Дела 26,23; Рим 8,29; 1 Кор 12,12-27; 15,20; Ефес 1,22-23; 5,23; Евр 1,6; Откр 1,5; 3,14Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за Самиот да првенствува во сѐ.

192,9; Ефес 1,23Бидејќи Отецот благоволи во Него да ја насели сета полнота,

201,16-17; Ефес 1,7.10; 2,13.16и преку Него да помири сѐ со Себе, и земно и небесно, творејќи мир преку Неговата крв на крстот.

21Рим 5,10; Ефес 2,12; 4,18И вас, кои некогаш бевте отуѓени и непријатели, со мисла за лоши дела,

221,28; Јн 1,14; Рим 7,4; 2 Кор 11,2; Ефес 1,4; 2,14-16; 5,27сега преку Неговата смрт ве помири во телото на Не­го­вото тело, за да ве претстави пред Себе свети, непо­роч­ни и без вина,

231,5-6; Мк 16,15; 1 Кор 5,5-8; Евр 3,14ако останете утврдени и непоколебливи во верата, и ако не се отргнете од надежта на благовестието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бесно создание, и на кое јас, Павле, му станав служител.

Служењето на апостолот Павле

24 2,1; Дела 9,16; 2 Кор 4,10-12; 11,23; 2 Тим 2,10 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам не­достигот од Христовите маки во моето тело заради Неговото тело, кое е Црквата.

25Ис 42,1-4; Мк 13,9-10; Дела 20,24; Ефес 3,2Нејзе јас ѝ станав служител според Божјото устројство што ми е дадено за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26Ефес 3,3.5.9тајната која е скриена од вековите и поколенијата, а сега објавена на Неговите светии,

27Дела 13,47; Рим 5,2; 8,19-21; Ефес 1,18на кои Бог посака да им покаже какво е богатството на славата во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во вас.

281 Кор 2,6; Ефес 4,13Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за секој човек да го претставиме совршен во Христос Исус;

29Ефес 3,7; Фил 4,13затоа се трудам и се борам, потпирајќи се на Неговата сила, која со голема моќ дејствува во мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help