1 7,28 Кога Исус ги заврши тие зборови, замина од Галилеја и дојде во Јудејските краишта, отаде Јордан.
212,15По Него одеше многу народ и Тој ги излечи таму.
316,1; Лк 11,54; Јн 8,6И Му пристапија фарисеите за да Го искушуваат, па Му рекоа: „Дали му е допуштено на човек да ја остави својата жена за каква и да било причина?“
41 Мојс 1,27; 5,2 А Тој, одговарајќи, им рече: „Зар не сте читале дека Оној што ги создаде, во почетокот машко и женско ги создаде,
51 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31и рече: ’Затоа, ќе ги остави човек својот татко и својата мајка и ќе се прилепи до својата жена и обајцата ќе бидат едно тело.‘
61 Кор 7,10Па така, тие веќе не се двајца, туку се едно тело. А тоа што го соединил Бог, човек да не го разделува.“
75,31; 5 Мојс 24,1Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти?“
8Тој им рече: „Поради тврдокорноста на вашите срца Мојсеј ви дозволи да ги оставите своите жени; но во почетокот не беше така.
95,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11 А Јас ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со оставена, исто така, прави прељуба.“
Брак и безбрачност10 1 Кор 7,1 Неговите ученици Му рекоа: „Ако е таква положбата на човекот кон жената, подобро да не се жени!“
111 Кор 7,17 А Тој им рече: „Не може секој да го прифати кажаново, туку само оние на кои им е дадено;
121 Кор 7,1.7-8.32-34зашто има скопени кои се така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите си се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“
Исус ги благословува децата(Мк 10,13-16; Лк 18,15-17)13 Лк 9,47; 1 Тим 4,14 Тогаш Му доведоа деца, за да ги положи рацете на нив и да се помоли, а учениците им забрануваа.
1418,3-4Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“
15Мк 10,16И, откако ги положи рацете на нив, си отиде оттаму.
За богатиот млад човек(Мк 10,17-31; Лк 13,30; 18,18-30)16 Лк 10,25 И ете, еден Му пристапи и Му рече: „Добар Учителе, каква добрина да направам за да имам живот вечен?“
173 Мојс 18,5; Ез 18,21; Лк 10,28; Јк 2,10А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“
1815,4; 2 Мојс 20,12-16; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прави прељуба, не кради, не сведочи лажно;
19почитувај ги својот татко и својата мајка; љуби го својот ближен како себеси!“
20Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од својата младост; што уште ми недостасува?“
215,3.48; 6,20; Кол 3,1-2Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и раздај го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“
22Лк 12,15-21Штом го чу младиот човек кажаново, си отиде натажен, бидејќи имаше многу имот.
23Мк 10,23-27; Лк 18,24-27А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам, богат тешко ќе влезе во царството небесно;
241 Кор 1,26и уште ви велам: полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“
25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“
261 Мојс 18,14; Ер 32,17; Зах 8,6; Јов 42,2; Лк 1,37А Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога сѐ е можно.“
274,20.22Тогаш Петар Му одговори и рече: „Ете, ние оставивме сѐ и појдовме по Тебе: што ќе стане, со нас?“
288,20; Дан 7,22; Лк 22,30; 1 Кор 6,2; Откр 3,21; 21,1.12А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на Својата слава, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви племиња;
29Лк 14,26и секој што ќе остави куќи, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи вечен живот.
3020,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.