1 11,19 Савле, пак, го одобруваше неговото убиство. Во тој ден започна голем прогон на црквата во Ерусалим, и сите, освен апостолите, се распрснаа по пределите на Јудеја и Самарија.
2А Стефан го погребаа благочестиви луѓе и многу го оплакуваа.
322,4; 26,10-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23; Фил 3,6Савле, пак, ја пустошеше црквата, одеше по куќите и извлекуваше мажи и жени, па ги предаваше во затвор.
4Тие што се беа распрснале, сега одеа наоколу благовестејќи го словото.
Божјото Слово во Самарија5Така Филип слезе во градот Самарија и таму им проповедаше за Христос.
6Народот еднодушно внимаваше на тоа што го зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што тој ги правеше;
7зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од опседнатите, и мнозина неподвижни и куци оздравуваа.
8И голема радост настана во тој град.
95,36А во градот имаше еден човек по име Симон. Тој правеше магии и со тоа го восхитуваше народот од Самарија, велејќи за себе дека е голем човек.
10Него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој е великата сила Божја.“
11А го слушаа внимателно, затоа што подолго време ги беше восхитувал со своите магии.
12Но кога му поверуваа на Филип, кој благовестеше за царството Божјо и за името на Исус Христос, почнаа да се крштеваат мажи и жени.
13Тогаш поверува и самиот Симон и, откако се крсти, постојано го придружуваше Филип; и, гледајќи ги чудата и знаците што се извршуваа, се восхитуваше.
1411,1Кога слушнаа апостолите што беа во Ерусалим дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован.
15Тие, штом слегоа, се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух.
16Зашто сѐ уште не беше слегол на ниту еден од нив, а само беа крстени во името на Господ Исус.
1710,44; 11,15Тогаш апостолите положија на нив раце и тие Го примија Светиот Дух.
18А Симон, кога виде дека Светиот Дух се дава со полагање раце од апостолите, им донесе пари,
19и им рече: „Дајте ми ја и мене таа власт, та на кого и да ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!“
204 Цар 5,16; Мт 10,8Но Петар му рече: „Твоето сребро нека загине заедно со тебе, зашто помисли дека Божјиот дар може да се стекне со пари.
21Пс 77,37Ти немаш дел ниту право на таа работа, бидејќи твоето срце не е право пред Бога.
2226,18Затоа покај се за оваа зла намера и помоли Му се на Бога за да ти се прости помислата на твоето срце;
235 Мојс 29,19; Ис 58,6; Ер 4,18; Изреки 5,22бидејќи гледам дека си исполнет со жолчност и окован во неправда.“
24А Симон одговори: „Вие помолете Му се за мене на Господ, да не ме стигне ништо од она што рековте.“
25А тие, откако посведочија и зборуваа за словото Господово, се вратија во Ерусалим, проповедајќи го патем благовестието во многу самарјански села.
Филип и етиопскиот великодостојник26А ангел Господов му проговори на Филип, велејќи: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, тој пат е пуст.“
27Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, великодостојник на етиопската царица Кандакија, кој беше чувар на сите нејзини ризници и беше дошол во Ерусалим на поклонение,
28сега се враќаше и, седејќи во својата кола, го читаше пророкот Исаија.
29Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и придружувај ја колата!“
30Филип притрча, и откако чу дека тој го чита пророкот Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“
31Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него.
32Ис 53,7-8А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца беше одведен на колење, и како јагне безгласно пред оној што го стрижи, така и Тој не ја отвори Својата уста.
33Во Неговата понизност Тој беше лишен од праведен суд. А Неговиот род кој ќе го опише? Зашто Неговиот живот се одзема од земјата.“
34Тогаш евнухот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого пророкот го зборува ова, за себе или за некој друг?“
35Лк 24,27А Филип ја отвори својата уста и почнувајќи од тоа место во Писмото, му благовестеше за Исус.
3610,47; 11,17И одејќи така по патот, тие стигнаа до една вода; и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?“
37А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Синот Божји.“
38И заповеда колата да запре, па слегоа во водата двајцата – и Филип и евнухот, и го крсти.
39А кога излегоа од водата, Дух Господов го грабна Филип, па евнухот веќе не го виде и радосно го продолжи својот пат.
40А Филип се најде во Азот; па тргна да го проповеда благовестието по сите градови, додека не стигна во Кесарија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.