Јован 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Свадбата во Кана

1 .

7Исус им рече: „Наполнете ги са­довите со вода!“ И тие ги наполнија до горе.

8Па им рече: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа.

9И кога старосватот вкуси од виното, што беше станало од вода – а тој не зна­еше од каде е, но служителите, што ја беа нацрпиле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот

10Лк 5,39и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино досега.“

111,14; 2,23; 12,41; Ис 66,19; Мт 12,38Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на Своите чуда и ја покажа Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.

12Мт 4,13; Мк 3,31Потоа Тој слезе во Капернаум со мајка Му, Неговите браќа и Неговите ученици; и таму останаа неколку дена.

Исус го очистува храмот(Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46)

13 6,4; 11,55; 2 Мојс 12,1-27; 5 Мојс 16,1-6; Лк 2,41 Се приближуваше јудејската Пасха и Исус се искачи во Еру­са­лим.

14Мал 3,1-4Во храмот ги затекна како седат оние што продаваа волови, овци и гулаби, и менувачите на пари.

15И откако направи камшик од врвци, ги избрка од храмот сите, и овците и воло­вите; а на менувачите им ги растури па­рите и им ги испреврте масите,

16Зах 14,21; Лк 2,49па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде! Не правете од до­мот на Мојот Отец, дом за трговија!“

17Пс 68,10 Тогаш Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот дом Ме изеде.“

184,48; 6,30; 20,29; Мт 12,38; Мк 8,11; 1 Кор 1,22А Јудејците, пак, одговорија и Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш, штом го правиш тоа?“

19Мт 26,61; 27,40; Дела 6,14Исус им одговори и рече: „Ур­не­те го овој храм и за три дена ќе го подигнам.“

20А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?“

21Мт 12,6; 1 Кор 6,19Но Тој говореше за храмот на Сво­ето тело.

2212,16; 14,26; 16,4; Рим 4,24А кога воскресна од мртвите, Неговите ученици се се­тија дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на словото што го беше рекол Исус.

Исус ја знае човечката природа

23 7,31; 11,47-48 А кога беше во Ерусалим на праз­никот Пасха, мнозина, гледајќи ги чу­десните знаци што ги пра­ве­ше, поверуваа во Неговото име.

246,15; 16,30Но Самиот Исус не им се доверува­ше, бидејќи ги знаеше сите,

2513,11; Мк 2,8и немаше потреба никој да Му све­дочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help