1Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од четата наречена Италска.
2 од денот, тој во видение јасно виде Божји ангел, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“
4 се качи на рамниот покрив од куќата за да се помоли.
1022,6И бидејќи беше огладнел, сакаше да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,
11Мт 3,16; Јн 1,51и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на некое големо платно, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата.
12Рим 1,23Во него беа сите земни четириножни животни, ѕверови и влекачи и небесни птици.
13И дојде глас кон него: „Петар, стани, заколи и јади!“
144,14А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“
1515,9; 1 Мојс 9,3-4; Мт 15,11; Ефес 2,19И одново, по вторпат дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!“
16Тоа се случи трипати, и садот повторно се крена кон небото.
17И додека Петар беше во недоумица што би можело да значи тоа видение што го виде, ете, луѓето испратени од Корнилиј, распрашувајќи се, ја најдоа куќата на Симон, застанаа пред портата,
18па повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“
19И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те бараат тројца луѓе.
209,10-11; 11,12Туку стани, слези и оди со нив, не сомневајќи се во ништо; зашто Јас ги пратив!“
2110,21Штом слезе кај луѓето, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дошле?“
22Лк 1,6; 2,25А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, праведен и богобојазлив човек, докажан меѓу сиот јудејски народ, беше упатен од свет ангел да те повика во својот дом и да ги слушне твоите зборови.“
23Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. Утредента замина со нив, а го придружуваа и некои браќа од Јопија.
24Следниот ден тие влегоа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, откако ги беше повикал своите роднини и блиски пријатели.
25Мт 9,18Додека Петар влегуваше, Корнилиј го пресретна, падна пред неговите нозе и му се поклони.
2614,15; Откр 19,10; 22,9А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“
27И така разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани.
2811,9; 15,9; Гал 2,12-16И им рече: „Вие знаете дека на човек Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но мене Бог ми покажа дека ниеден човек не треба да го нарекувам поган или нечист.
2910,20; 11,12Затоа беспоговорно дојдов кога бев повикан. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“
30Лк 24,4И Корнилиј одговори: „Од пред четири дена, па сѐ до овој час постев, а во деветтиот час се молев во својот дом. И ете, пред мене застана човек во раскошна облека,
31Лк 1,13и ми рече: ’Корнилиј, твојата молитва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна.
32Затоа прати некого во Јопија и повикај го Симон, наречен Петар; тој сега гостува во куќата на кожарот Симон, покрај морето. Тој ќе дојде и ќе ти зборува.‘
33Затоа јас веднаш пратив луѓе по тебе, и ти добро направи што дојде. Сега ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е заповедано од Бога.“
Петровата беседа во куќата на Корнилиј34 5 Мојс 10,17; Јов 34,19; 2 Лет 19,7; Рим 2,11; Гал 2,6; Ефес 6,9; 1 Птр 1,17 Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице;
35Рим 2,27; 3,29туку, Нему Му е мил во секој народ оној што има стравопочит кон Него и постапува праведно.
3613,26; Ис 52,7; 57,19; Наум 1,15; Пс 147,7-9; Рим 10,12Тој им го прати на Израилевите синови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.
37Лк 4,14; 23,5-7Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Јован:
3813,24; Ис 35,5; Лк 4,16-21; 7,22-23како Бог Го помаза Исус од Назарет со Светиот Дух и со сила, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што ги беше нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
391,22И ние сме сведоци за сѐ што направи Тој во Јудејската земја и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на дрво.
401,3Но, Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави,
411,22; 17,3; 22,14; Мк 16,14; Лк 24,30.42; Јн 21,12не на сиот народ, туку нам, на предизбраните од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите.
422,36; 3,15; 4,10; 13,29-30; 17,31; 1 Птр 4,5И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите.
434,10-12; 13,39; Лк 24,44; 24,47Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе верува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Неговото име.“
Светиот Дух се излева над сите44 11,15 Додека Петар уште ги изговараше овие зборови, Светиот Дух слезе над сите што го слушаа словото.
452,17-22.33; Рим 5,5; Тит 3,6А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците,
462,11; 19,6зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече:
478,36; 11,17„Може ли некој да ја запре водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Светиот Дух како и ние?“
4828,14И заповеда да бидат крстени во името на Господ. Тогаш тие го замолија да остане кај нив неколку дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.