Откровение 13 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Двата ѕвера

1 11,7; 17,3.7-12 И застанав на морскиот песок. И видов како од морето излег­ува ѕвер со десет рогови и седум глави; на неговите рогови имаше десет круни, а на неговите глави – богохулни имиња.

2Дан 7,4-6; Лк 4,6Ѕверот што го видов прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змејот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт.

317,8И една од неговите глави како да беше смртно ранета, но смртната рана му заздраве. Тогаш се за­чуди целата земја и тргна по ѕверот;

4и му се поклонија на змејот што му беше дал власт на ѕверот; му се покло­нија и на ѕверот, велејќи: „Кој е како ѕверот, и кој може да војува со него?“

5Дан 7,8.11.20.25Нему му се даде уста да зборува горделиво и хулно; и му се даде власт да војува четириесет и два месеца.

6И ја отвори устата за хулење против Бога, да го хули Неговото име, Неговото живеалиште и оние што живеат на небото.

711,7; 12,17; Дан 7,7.21И му се даде да војува против светиите и да ги победи; му се даде власт над секој род, народ јазик и племе.

83,5; 17,8; 21,27И ќе му се поклонат сите што живеат на земјата, чиишто имиња не се запишани во книгата на животот на Јагнето Коешто е заклано од создавањето на светот.

9Мт 13,9Кој има уво, нека чуе:

1014,12; Ер 15,2; 43,11кој во ропство води, во ропство ќе биде одведен; кој со меч убива, од меч ќе биде убиен. Тука е трпението и верата на светиите.

1116,13; Мт 7,15И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змејот.

12Ја извршува сета власт на првиот ѕвер во негово присуство и ја присилува целата земја и нејзините жители да му се поклонат на првиот ѕвер, чијашто смртна рана се беше излечила;

133 Цар 18,24-39; Мт 24,24и правеше големи знаци, дури предизвика и оган да слегува од небото на земјата пред луѓето.

145 Мојс 13,1-3; 2 Сол 2,9-10И заведуваше од моите, од оние што живеат на земјата со знаците што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на земните жи­тели да му направат образ од ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

1520,4; Дан 3,5-7.15И му се даде да вложи дух во образот на ѕверот, та ѕверовиот образ да проговори и да направи да бидат убиени оние што нема да се поклонат пред образот од ѕверот.

16И ги тераше сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на нивната десна рака или на нивните чела,

17та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го има­ат белегот, или името на ѕверот или бројот на неговото име.

1817,9Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help