Евреите 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Бог ни се објавува преку Синот

1 2,2; 12,25; 3 Мојс 12,6; Ос 12,10; Лк 1,55.70; Јн 9,29 Бог, Кој во минатото мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во овие последни денови ни зборува преку Синот,

22,8; 3,6; 5,8; 7,28; 9,26; 11,3; 5 Мојс 4,30; 1 Птр 1,20Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.

37,27; 8,1; Мудр 8,1; Мк 16,19; Кол 1,17; Тит 2,14Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, Тој седна од десната страна на Величието во висините.

Величието на Синот Божји

4 8,6; Ефес 1,21; Фил 2,9-10; 1 Птр 3,22 И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.

55,5; 2 Цар 7,14; Пс 2,7; 1 Цар 17,13; Дела 13,33Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Мој Син, Јас денес Те родив“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе Ми биде Син?“

610,5; Јн 3,16; Кол 1,18Исто така, кога Го воведе Пр­во­ро­де­ниот во светот, рече: „Нека Му се поклонат сите Божји ангели!“

7Пс 103,4За ангелите, пак, вели: „Ти ги правиш Своите ангели ветрови, а Своите слу­жители – огнен пламен“,

8Пс 44,6-7а за Синот: „Твојот престол, Боже, е во вечни векови и жезолот на правдата е жезол на Твоето царство.

9Ис 11,5; 61,1.3Си ја возљубил правдата и си го намра­зил беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“

10Пс 101,23-27

Јн 1,3И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;

11тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветват како облека;

1212,26.27; 13,8; Откр 6,14ќе ги свиткаш како наметка и тие ќе бидат променети; но Ти си истиот, и Твоите години не ќе имаат крај.“

13Ис.Н. 10,24; Пс 108,1; Мк 13,19А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријателите како подножје на Твоите нозе?“

14Пс 33,7; 90,11; 102,20-21; Дан 7,10; Мт 4,11; Дела 12,11Нели се сите тие служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help