1 Ер 51,7.13; Наум 3,4 Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води;
214,8; Ис 23,17со неа блудничеа земните цареви, и со виното на нејзиниот блуд се опија жителите на земјата!“
313,1И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
418,16; Ер 51,7; Ез 28,13А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со драгоцени камења и бисери. Во својата рака држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од нејзиниот блуд.
52 Сол 2,7А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“
616,6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на Исусовите сведоци; и се зачудив многу кога ја видов.
7И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.
83,5; 11,7; Дан 7,3Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема; тој ќе излезе од бездната и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се зачудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, но повторно ќе дојде.
913,18Овде е умот што има мудрост. Седумте глави се седумте гори врз кои седи жената;
10тие се и седум цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, треба малку да остане.
11И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе оди во пропаст.
12Дан 7,24А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои уште не примиле царства, туку како цареви ќе примат власт само за еден час заедно со ѕверот.
13Тие се едномислени, и својата сила и власт ќе му ги предадат на ѕверот.
1414,4; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47; 2 Мак 13,4Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тоа е Господар над господарите и Цар над царевите; и оние што се со Него, се повикани и избрани и верни.“
15И ми рече: „Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
1618,8; 3 Мојс 21,9; Ис 47,8-9А десетте рогови, што ги виде и ѕверот, ќе ја замразат блудницата, ќе ја опустошат и соголат, и нејзиното месо ќе го изедат, а неа на оган ќе ја изгорат.
17Зашто Бог им даде во нивните срца да ја извршат Неговата намера, да дејствуваат едномислено и да го дадат своето царство на ѕверот, додека не се извршат Божјите зборови.
18А жената што ја виде ти, е големиот град што царува над земните цареви.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.