1 2 Мојс 13,21; 14,22; Пс 104,39 Браќа, не сакам да не знаете дека сите наши татковци беа под облак и сите минаа преку морето,
2и сите во Мојсеј се крстија во облакот и во морето;
32 Мојс 16,4.35; 5 Мојс 8,3; Пс 77,24-25; Јн 6,49и сите јадеа иста духовна храна;
42 Мојс 17,6; 4 Мојс 20,7-11; Пс 77,15-16и сите пиеја исто духовно пиење; зашто пиеја од духовната карпа, што ги придружуваше; а таа карпа беше Христос.
54 Мојс 14,29; Пс 77,31; Евр 3,17; Јуда 1,5Но повеќето од нив не му беа угодни на Бога, затоа загинаа во пустината.
64 Мојс 11,4.34; Пс 105,14А тоа беа примери за нас, за да не бидеме похотливи по злото, како што тие беа похотливи.
72 Мојс 32,6Не бидете ниту идолопоклоници, како некои од нив, за кои е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да игра.“
84 Мојс 25И да не блудничиме, како некои од нив што блудничеа, и во еден ден загинаа дваесет и три илјади.
94 Мојс 21,5-6; Мт 4,7И да не Го искушуваме Христос, како што Го искушуваа некои од нив, па загинаа од змии.
102 Мојс 16,2; 4 Мојс 14,2.36; 16,49; 17,6; Евр 3,8-11Немојте ниту да мрморите, како што мрмореа некои од нив, па загинаа од Истребителот.
119,9-10; 1 Птр 4,7; 1 Јн 2,18Сето тоа ним им се случуваше за да послужи за пример, а беше запишано за да нѐ опомене нас, до кои стигна крајот на вековите.
12Рим 11,20; Гал 6,1Па така, оној што мисли дека стои, нека пази да не падне.
131,9; 1 Сол 5,24; 2 Сол 3,3; Евр 10,23; 2 Птр 2,9Никакво искушение не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите.
141 Јн 5,21Затоа, возљубени мои, бегајте од идолопоклонството.
15Ви зборувам како на разумни: расудете сами за ова што ви го кажувам,
16Мт 26,27-28; Дела 2,42Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедница со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедница со телото Христово?
17Рим 12,5; Ефес 1,23; 4,4.25; 5,30Бидејќи лебот е еден, едно тело сме и ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.
183 Мојс 7,6Видете го Израил по тело: оние што јадат од жртвите, не се ли причесници на жртвеникот?
19Но што всушност да кажам? Дека идолот е нешто, или дека идолските жртви се нешто?
203 Мојс 17,7; 5 Мојс 32,17; Пс 105,37; Откр 9,20Не! Туку она што го жртвуваат незнабошците, го жртвуваат на демони, а не на Бога; а јас не сакам да бидете во заедница со демоните.
212 Кор 6,15-16Не можете да пиете од Господовата чаша и од чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпезата на демоните.
225 Мојс 32,21; Ис 45,9Или сакаме да побудиме љубомора кај Господ? Та посилни ли сме од Него?
Да се постапува целосно за слава на Бога23 6,12 Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ полезно. Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ за надградба.
24Рим 14,19; Фил 2,21Никој нека не ја бара својата полза, туку ползата на другиот.
25Сѐ што се продава на пазар, јадете без никакво испитување поради совеста;
26Пс 23,1; 49,12зашто „Господова е земјата и сѐ што ја исполнува.“
27Ако некој од неверните ве покани и вие посакате да отидете, јадете сѐ што ќе ви изнесат, без никакво испитување поради совеста.
28Рим 14,14.15Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете – заради оној што ви го рекол тоа, и заради совеста. Зашто „Господова е земјата и сѐ што ја исполнува.“
29Рим 14,3.13Но не зборувам за твојата совест, туку за совеста на другиот; зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?
30Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зошто да бидам хулен за она за кое благодарам?
31И така, било да јадете, или да пиете, или нешто друго да правите, сето тоа во Божја слава правете го.
32Не станувајте соблазна ни за Јудејците, ни за Елините, ниту за Божјата Црква,
33како што и јас им угодувам на сите во сѐ, не барајќи ја својата полза, туку ползата на мнозина, за да се спасат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.