1 5,12; 10,12; Дела 18,27; Рим 1,17; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9 Повторно ли почнуваме да се препорачуваме себеси? Или, како кај некои, можеби ни се потребни писма со препораки за вас или со препораки од вас?
21 Кор 9,2Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, што го познаваат и читаат сите луѓе.
32 Мојс 24,12; Ер 31,33; Ез 11,19; 36,26Јасно е дека вие сте Христово писмо, составено преку нашето служење, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не врз камени плочи, туку врз телесните плочи на срцето.
4Ваквата увереност во Бога ја имаме преку Христос.
5Јн 3,27; 15,5И не дека самите ние сме склони да го сметаме она што доаѓа од нас како наше, туку нашата способност доаѓа од Бога;
6Ер 31,31; Ефес 3,7; Кол 1,23.25Кој и нѐ оспособил да бидеме служители на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
72 Мојс 32,16; 39,29-35Ако, пак, служењето на смртта, врежано во камења со букви, стана толку славно што Израилевите синови не можеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради славата на неговото лице, којашто минува,
8тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот?!
9Зашто, ако служењето што води кон осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служењето што води кон праведност!
10И навистина, она што беше прославено не беше вистински прославено, ако се спореди со славата што го надминува.
11Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.
12И така, имајќи таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13а не како Мојсеј кој ставаше превез на своето лице за Израилевите синови да не го видат крајот на минливото.
14Мк 4,12; Дела 28,27; Рим 10,4; 11,7.8; Евр 8,13Но нивните умови заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто тој се симнува само преку Христос.
15Дела 15,21Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот лежи на нивното срце.
162 Мојс 34,34Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.
17Јн 4,24; Рим 8,2; 1 Кор 6,17А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.
184,6; Рим 8,29; 1 Јн 3,2Ние, пак, сите со откриено лице ја одразуваме славата Господова, преобразувајќи се во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.