1 Мт 22,16-21; Тит 3,1; 1 Птр 2,13-17 Изреки 8,15; Јн 19,11; 1 Тим 2,1-2 Секој човек нека им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога.
2Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата одредба. А оние што се противат, ќе примат осуда врз себе.
3Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите. Сакаш да не се плашиш од власта? Прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;
4зашто таа е Божји служител за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш плаши се, бидејќи таа не носи меч напразно; таа е Божји служител и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
5Затоа е неопходно да се покорувате, и тоа не само поради страв од Неговиот гнев, туку и поради совеста.
6Затоа и плаќате данок, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.
7Мт 22,21; Мк 12,17; Лк 20,25 Секому дајте му го она што сте му должни: кому сте му должни данок – данок; кому царина – царина; кому стравопочит – стравопочит; кому чест – чест.
Љубовта кон ближниот8 Мт 22,37-40; Јн 13,34; Гал 5,14; Кол 3,14; 1 Тим 1,5; 1 Јн 4,11 И не должете никому ништо освен да се љубите еден со друг; зашто оној што го љуби другиот, го исполнува Законот.
92 Мојс 20,13-17; 3 Мојс 19,; 5 Мојс 5,17-21; Мт 5,43; 19,18-19; 22,39; Гал 5,14; Јк 2,8Бидејќи заповедите: „Не прави прељуба, не убивај, не кради, не посакувај туѓо“, и секоја друга заповед се содржат во овие зборови: „Возљуби го својот ближен како себеси!“
101 Кор 13,4-7Љубовта не му прави зло на ближниот; оттаму, љубовта е полнота на Законот.
11 1 Кор 7,26.29-31; Ефес 5,8-16; 1 Сол 5,4-8 И тоа правете го, знаејќи го времето, дека веќе дошол часот да се разбудите од сонот, зашто спасението е сега поблиску до нас отколку кога поверувавме.
12Јн 8,12; Ефес 5,8-16; 1 Сол 5,4-8; 1 Јн 2,8Ноќта одминува, а денот се приближува; да ги отфрлиме, пак, сите дела на темнината и да се облечеме во оружјето на светлината.
13Лк 21,34Да живееме пристојно како дење – не во срамни гоштевки и пијанство, не во блуд и разврат, ниту, пак, во препирка и завист;
14Гал 3,27; Ефес 4,24туку облечете се во Господ Исус Христос и грижата за телото не претворајте ја во похоти.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.