Дела 28 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Павле на островот Мелит

1 .

2А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, би­дејќи врнеше дожд и беше студено, накладоа оган.

3А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.

4Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек несомнено е убиец; па затоа, иако се избави од морето, Божјиот суд нема да го остави да живее.“

5Мк 16,18Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.

614,11А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, би­дејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го про­ме­нија мислењето и велеа дека тој е бог.

716,15; 28,14Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поп­лиј. Тој нѐ прими и три дена пријателски нѐ гоштеваше.

8Лк 4,38; Јк 5,14Но се случи таткото на Поплиј да легне болен, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги своите раце на него, го исцели.

95,15-16; 8,7Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се лекуваа.

10Тие откако ни укажаа големи почести, пред замину­ва­ње нѐ снабдија со сите потребни работи.

Павле пристигнува во Рим

11По три месеци отпловивме со еден александриски кораб, што беше прези­мил на тој остров и го имаше знакот на Диос­­кури.

12И откако стигнавме во Сиракуза, таму останавме три дена.

13Оттаму отпловивме и пристигнавме во Ригија; а по еден ден дувна југот, па во вториот ден пристигнавме во Потиоли;

1420,6; 21,4таму најдовме браќа кои нѐ замолија да останеме кај нив седум дена. Потоа дојдовме во Рим.

15Тамошните браќа, штом чуја за нас, излегоа да нѐ пресретнат дури до Апиевиот плоштад и до трите крчми. Кога ги ви­де Павле, Му заблагодари на Бога и се ободри.

1624,23; 28,30Штом влеговме во Рим, стотникот му ги предаде затворениците на военоначалникот, а на Павле му беше допуштено да живее одделно, но под стража на еден војник.

Павле проповеда во Рим

17 21,33; 22,24; 25,8 По три дена Павле ги повика јудејските пр­вен­ци и кога се собраа, тој им рече: „Луѓе, браќа, иако не нап­равив ништо против народот или тат­ковските обичаи, од Ерусалим ме пре­дадоа окован во рацете на Римјаните.

1826,32Тие откако ме испитаа, сакаа да ме пуштат, зашто во мене не најдоа никаква вина што заслужува смрт;

1925,11-12.21-25но, бидејќи Јудејците се противеа, бев принуден да барам суд пред цезарот; но не за да го обвинувам во нешто својот народ.

20Поради тоа и ве повикав да се ви­ди­ме и да позборуваме; бидејќи заради на­дежта на Израил сум окован во овие вериги.“

21А тие му одговорија: „Ние ниту писма сме добиле за тебе од Јудеја, ни­ту некој од браќата дошол да нѐ извес­ти или нешто лошо да каже за тебе.

22Но сакаме да чуеме од тебе што мислиш, зашто познато ни е дека насекаде се говори против тоа учење.“

2320,25; 28,31И откако му определија ден, големо мноштво дојде во живеалиштето кое му беше определено, и тој од утро до вечер им го изложуваше учењето, сведочејќи за царството Божјо и уверувајќи ги за Исус и преку Мојсеевиот Закон и преку Проро­ците.

2417,2.11Едни се убедија од неговото кажување, а други не поверуваа.

2523,7; Лк 24,27.44Бидејќи беа несложни меѓу себе, тие почнаа да си заминуваат; и во тоа време Павле им ги кажа овие зборови: „Добро им рекол Светиот Дух на вашите тат­ковци преку пророкот Исаија, велејќи:

26Ис 6,9-10; Мт 13,14-15’Оди и кажи му на овој народ: со уши ќе чуете, и нема да разберете, со очи ќе гледате, и нема да видите,

27зашто срцето на овој народ закораве­ло, та со ушите тешко слушаат, а своите очи ги затвориле, за со очите да не видат и со ушите да не чујат, и со срцето да не разберат, и да не се об­ратат, за да ги исцелам.‘

2813,46; 18,6Затоа, да знаете дека спасението од Бога им е испратено на незнабошците; тие и ќе чујат.“

29Кога го рече тоа, Јудејците се разо­тидоа, препирајќи се многу меѓу себе.

3028,23А Павле остана таму цели две години во посебно изнајмена куќа и ги примаше сите, што доаѓаа кај него,

3119,8; 20,25; 28,23проповедајќи го царството Божјо и смело учејќи за Господ Исус Христос, без некој да му го забранува тоа.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help