Евреите 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1 12,15; 4 Мојс 14,31 Па така, додека уште важи ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да пазиме да не помисли некој од вас дека задоцнил.

2Рим 10,16-17; Гал 5,2; 1 Сол 2,13Зашто и нам ни беше благовестено, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи кај оние што го беа чуле, тоа не се соедини со верата.

33,11; Пс 94,11А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Па така, во Својот гнев се заколнав дека нема да влезат во Мојот спо­кој“, иако Неговите дела беа завршени уште од создавањето на светот.

41 Мојс 2,2; 2 Мојс 20,11Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“

5Пс 94,11И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојот спокој.“

63,18-19И така, бидејќи на некои им останува да влезат во него, а оние, на кои порано им беше проповедано благовестието, не влегоа поради непослушност,

73,7.8.15; Пс 94,7-8затоа Тој повторно определи еден ден – „денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца.“

85 Мојс 31,7; Ис.Н. 22,4Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог по­тоа веќе немаше да зборува за друг ден.

9Затоа, за Божјиот народ сѐ уште ос­та­нува саботна починка.

10Откр 14,13Зашто, оној што ќе влезе во Не­говиот спокој, тој ќе се одмора од своите дела, ка­ко и Бог од Своите.

11И така, да се погрижиме да влеземе во тој спокој, та никој да не падне во слична непослушност.

12Ис 49,2; 55,11; Ер 17,10; 23,29; Мудр 18,15; Јн 10,35; 12,48; Дела 7,38; 12,24; 1 Кор 4,5; 14,24-25; Ефес 6,17; 1 Сол 2,13; 2 Тим 2,9; 1 Птр 1,23; 1 Јн 2,14; Откр 1,16; 19,13Зашто, словото Божјо е живо и делотворно, поостро од секаков меч со две острици и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и сржта, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

13Ер 23,24; Пс 32,13-15; Изреки 5,21; Дан 2,22; Рим 14,12И нема создание невидливо за Него, туку сѐ е голо и разоткриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.

Исус е нашиот Првосвештеник

14 2,17; 3,1; 5,5.10; 6,20; 7,26; 8,1; 9,11; 9,24; 10,21; 10,23; Ефес 4,10 Така, имајќи велик Првосвеште­ник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедањето на верата.

152,17-18; Мт 4,1-11; Лк 22,28; Јн 8,46; 2 Кор 5,21Зашто, ние немаме Прво­свештеник што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој беше искушуван во сѐ – слично на нас – освен во грев.

163,6; 7,19; 10,19.22.35; 1 Јн 3,21И така, смело да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help